БАРЕМ Е ИСКРЕНА: Анастасија Ражнатовиќ ВАКА го надмина својот најголем комплекс (ФОТО)

Замина „под нож“

Анастасија Ражнатовиќ е оперирана на тринаесетгодишна возраст. Операцијата не била неизбежна, но семејството било покрај неа…

Атрактивната наследничка на Светлана Цеце Ражнатовиќ и поп-ѕвезда во подем не крие дека била незадоволна од својот изглед. Додека голем број пејачки ги кријат естетските зафати, Анастасија Ражнатовиќ отворено проговори за операцијата на носот, која ја направила на 13 години.

Имено, Анастасија гостувајќи во една емисија кажа „дека можела да каже дека имала девијација на носот и дека затоа го оперирала како тинејџерка“, но тоа не е вистината – едноставно сакала да го направи тоа.

На Интернет кружи фотографија од моја 13-годишна возраст, на која имам речиси 80 ​​килограми, се шминкам ужасно. Сега имам 60 килограми. Не се срамам од тоа, не кријам дека така изгледав. Имав и поголема тежина и поголем нос и помала уста… Сè на таа слика изгледа страшно.

Разбирам кога жената се чувствува несигурнo заради носот или градите… и јас сум таква. Сите се, само лажат! Носот ми е од овде до Батајница на таа слика што кружи. Не бев задоволна од него и го оперирав, само еднаш. Всушност, го оперирав само носот. Имав несигурност заради носот и го исправив. Нема да зборувам сега дека имав девијација па морав, не го направив поради тоа, океј, и јас имав оискривување, но… само сакав и го направив, тоа е тоа.

Оттогаш, Анастасија ги коригира градите по 18-от роденден, но не толку очигледно како што тоа го прават други нејзини колешки.

Пејачката наводно си ги зголемила градите еден број, а за операции и интервенции освен за носот никогаш не зборувала – ниту потврдила, ниту демантирала.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More