Аферата што го крена Холивуд на нозе: Мерилин Монро била со двајца познати мажи во исто време!

Нови пикантерии од животот на филмската дива

Мерилин Монро продолжува да го фасцинира светот по повеќе од шест децении по нејзината смрт во 1962 година. Филмот посветен на нејзиниот живот „Русокоса“, во кој нејзиниот лик го толкува Ана де Армас, е во центарот на вниманието на светската јавност.

Имено, дејството во филмот се темели на романот на Џојс Керол Оутс и разоткрива детали од романтичните врски на Мерилин Монро, вклучувајќи го и нејзиниот брак со Артур Милер. Но, филмот, исто така, прикажува некои од контроверзните врски на познатата актерка, вклучувајќи ги и оние со синот на Чарли Чаплин, Чарли „Кас“ Чаплин Џуниор и синот на актерот Едвард Г. Робинсон, Еди Робинсон Џуниор.

Иако филмот сугерира дека Мерлин била во романтична врска со двајца мажи истовремено, не станува збор за изнесување факти, пишува Womens health mag. И некои критичари изразуваат незадоволство од екранизацијата на оваа приказна.

Сепак, обожавателите на славната русокоса сакаат да знаат дали Мерилин навистина била во врска со Кас и Еди во исто време. Значи, еве што треба да знаете.

Чарли Чаплин Јуниор, или Кес Чаплин, е најстариот син на легендарниот холивудски актер Чарли Чаплин. Тој е роден на 5 мај 1925 година во Беверли Хилс, Калифорнија..

Кас пораснал сакајќи да се однесува како неговиот славен татко. Двапати се женел, прво со Марта Браун, а потоа и со Сузан Магнес, со која во 1959 година добил ќерка, именувана според својата мајка. Кас починал на 20 март 1968 година во Холивуд, на 43-годишна возраст.

Еди Робинсон Јуниор, исто така, сакал да стане актер. Тој е роден во 1933 година во Лос Анџелес, а бил многу поуспешен во глумата од синот на Чарли Чаплин. Еди глумеше и со Мерилин Монро во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“. Трипати се женел. Починал во 1974 година во родниот град.

Постојат докази кои сугерираат дека Мерилин и Кас имале кратка врска, барем според Ентони Самерс, кој ја напишал биографијата за актерката наречена „Божица: Тајните животи на Мерлин Монро“.

Во книгата на Самерс пишува дека Кас ја запознал Мерилин со своето семејство во 1947 година, а за нивната врска пишувал и во своите мемоари „Мојот татко, Чарли Чаплин“.

Во книгата на Кес Чаплин, откриен е разговор меѓу него и неговиот татко за Мерилин:

Ох, таа е убавица“, ми рече тато и додаде: Каква фигура! Многу му се восхитувам на твојот вкус, синко. Само внимавај. Сине, немој се’ уште да се заљубиш. Прво треба да се погрижиш за своето образование.

Самерс тврди дека Кас не го послушал советот на својот татко и дека со месеци бил заљубен во фаталната актерка.

Близок пријател на Чаплин Јуниор открил дека Мерилин преспивала кај него додека брат му спиел во истата просторија.

Според Самерс, актерката го запознала Робинсон Јуниор преку Кас Чаплин, а се зближиле на снимањето на филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“ кога тој имал 19, а таа 27 години.

Сепак, нема цврсти докази дека актерката имала паралелна врска со овие двајца мажи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.