4 најбогати девојчиња на светот: Името го заштитиле со закон, не знаат што е сиромаштија, до 10-тата година го прошетале пола свет!

Живот од соништата

Најбогатите девојчиња на светот, освен што потекнуваат од исклучително моќни семејства, имаат уште една заедничка работа – необично и единствено име

Најбогатите девојчиња на светот се богати благодарение на своите родители. Тие потекнуваат од семејства на пејачи, актери, ѕвезди од реални емисии и спортисти. Со желба да бидат посебни, родителите им дале необично и единствено име. Тие денес се тинејџерки, но за 10 години ќе доминираат на светската џетсет-сцена.

Прочитајте за кого станува збор…

Харпер Севен Бекам (11 години)

Харпер е родена ѕвезда. Кога Викторија беше бремена со неа, имаше многу шпекулации дали овој пат ќе роди девојче. Кога Харпер дојде на свет на 10 јули 2011 година, целата јавноста дозна за нејзиното раѓање.

Самата Харпер ја инспирирала мајка си Викторија за потполно нов концепт на облека „Мама и јас“. Девојчето од првите денови на својот живот е редовен гостин на речиси сите модни ревии. Иако има 11 години, Харпер има свој инстаграм-профил.

Ема Марибел Муњиз (14 години)

Ема е ќерка на пејачката и актерка Џенифер Лопез и Марк Ентони. Талентот за музика го наследила од славните родители. На сите музички турнеи ја следи Џенифер Лопез и со неа пее одредени песни.

По овие фотографии почна да се пишува дека Ема бара да ѝ се обраќаат со „тоа“, наместо со „таа“, бидејќи не сака родот да ја дефинира.

Го обожава Бен Афлек и видена е во негово друштво неколку пати, а не е познато каде е во моментот, со оглед на тоа што мајка ѝ е на меден месец.

Норт Вест (9 години)

Ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест може да биде само некој со јак карактер, а Норт Вест навистина е таква.

Кога се роди, сите зборуваа за нејзиното необично име (Север-Запад), што звучи многу бизарно од прва. Меѓутоа, со текот на времето се навикнаа на него, особено поради тоа што и девојчето има многу необичен карактер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by North West (@norisblackbook)

Блу Ајви (10)

Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи е најстарото дете на музичките могули. Блу Ајви има само 10 години и нејзиното име е заштитено со закон, што значи дека никој на светот не смее да се вика како неа.

Блу Ајви на само осум години почнала да заработува пари. Првата плата ја добила како наратор на аудиокнигата Hair Love, филмот што доби Оскар за најдобар краткометражен анимиран филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blue Ivy Carter (@blueivy.carter)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.