Какво изненадување, таткото на Ријана дознал дека е бремена на Суперболот: „О, боже, моето девојче е бремено“ (ФОТО)

Затечен...

Таткото на познатата пејачка Роналд Фенти се огласи откако пејачката на настапот на Супербоул откри дека очекува второ дете.

Фенти тврди дека за бременоста на неговата ќерка, како и сите останати, дознал за време на спортскиот натпревар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronald Fenty (@ronald.fenty)

Тој за „TMZ“ раскажал дека немал поим дека неговата ќерка чека второ дете со раперот АСАП Роки.

„Ох, мој Боже, моето девојче е бремено“, извикал Роналд во текот на настапот на Ријана на полувремето на Супербоул. Тој додал и дека е многу возбуден поради приновата во семејството и се надева дека Ријана ќе роди ќерка.

Инаку, пејачката од Барбадос и нејзиниот татко со години имаа проблематичен однос. Во септември 2021 година, таа се откажа од тужбата која ја отпочна против него, во која го обвини дека го злоупотребувал нејзиното име во корист на сопствената компанија, но се верува дека случајот го решиле надвор од судот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.