„Јас со Јелена Карлеуша немам проблем, ако има таа, нека каже“: Марија Шерифовиќ става точка на односот со ЈК! (ВИДЕО)

Пукна тиквата...

По девет години чекање на новиот албум на Марија Шерифовиќ, пред неколку дена пејачката објави дури 8 песни, што предизвика бура од воодушевувања кај слушателите.

Ниту пејачката не крие дека е возбудена поради тоа…

„Последниот албум излезе во 2014 година, но сите знаеме дека во 2015 се случуваа синглови, за кои би рекла дека се успешни исто како албум. Но, беше ред и за албум и се радував за тоа. На луѓето им се допаѓа“ – рекла таа.

Многу колеги на Марија и честитале за успехот, но дали и се јавила и Јелена Карлеуша?

„Не се јави, претпоставував дека ќе ме прашате тоа. Да ставам точка засекогаш на тоа, јас со Јелена немам ниту еден најмал проблем. Ако таа го има, мислам дека треба сите да го слушнеме“ – рекла пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.