Познатиот пејач Харис Џиновиќ првите денови од 2022 година ги поминува во Црна Гора со сопругата Мелина.
Меѓутоа, нивните деца Џина и Кан не се со нив, а пејачот истакнал дека тој не им се меша во нивниот начин на живот. Имено, на констатацијата дека Џина привлекува внимание и дека баш добро и оди, Харис рекол:
– Ете и оди рака (се смее). Јас не се мешам, зошто би се мешал? Нашите животи се различни, таа има свои ставови, јас свои – рекол Харис.
Пејачот исто така истканал дека се плаши дека и после пандемијата, животот можеби нема да се врати во нормала.
– Мене ми е од едно страв, а тоа дека никогаш нема да се врати оној живот кој го живеевме. Се е изместено. Човекот победил и полошо, треба да бидеме оптимисти – со насмевка порачал Харис од Будва за една српска емисија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram