Гоца Тржан својот прв хонорар го заработила како готвачка: „За месец дена добив плата од 100 марки“!

Пејачката вели дека од тој период и се најубавите спомени...

Пејачката Гоца Тржан денеска важи за една од најуспешните жени на српската јавна сцена, а својот прв хонорар го заработила како готвачка.

– Сакав да работам на пумпа, да мијам прозори. Мојот тетин Марко тогаш работеше во „Југопетрол“. Им го кажав тоа на родителите, но татко ми ме праша дали за 100 евра би готвела за едно семејство месец дена. Прифатив и ми кажа дека од утре ќе бидам готвачка во семејството Тржан. Направив ручек во нашиот дом додека мајка ми и татко ми беа на работа и навистина за месец дена добив 100 марки. Го имав куварот на Стево Карапанџа. Не ми успеа секое јадење, но се изедоа. Не би успеала ако баба ми Цвета не ме научи да готвам различни јадења – се присетила пејачката на своето детство.

Гоца потоа се присетила дека уште како мала сакала да биде независна, па во секој момент се борела да заработи пари за себе. Највеќе пари заработила кога продавала сладолед и тоа го памети како еден од најубавите спомени.

– Во средно училиште продавав сладолед на Булевар. Заработив многу пари. Денеска тоа ми е се преубви спомени. Тешко ми е што мојата баба веќе не е жива. Највеќе ме погоди нејзината смрт. Таа беше моја крвна група. Бев среќно дете, бидејќи имав толку колку што ми е потребно. Никогаш премногу, никогаш премалку. Бев во тоа време кога сите имавме горе-долу исто – рекла Гоца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.