Милош Биковиќ сподели убава вест, долго време го чекаше ова (ФОТО)

Пристигна приновата

Објавата на Милош Биковиќ привлече невидено внимание во јавноста.

Домот на Милош Биковиќ стана побогат за уште еден член – мачка сфинга. Иако доаѓањето на домашно милениче првично го израдува актерот, грижата за него исто така претставува голем предизвик.

Во шок сум – порача актерот преку својот инстаграм-профил.

Објавата на Милош Биковиќ привлече невидено внимание во јавноста бидејќи овој миленик може да чини и до 10.000 евра. Имено, станува збор за мачка сфинга без влакна, чија цена се движи помеѓу 250 и 1.000 евра. Овие мачки се сметаат за најскапи во светот, а во случајот на многу ретка мачка сфинга, цената во светот може да достигне 10.000 евра.

Инаку, сфингс е најпознатата безвлакнеста раса на домашна мачка, чувствителна на зголемена топлина и студ, па најчесто се чува во затворени простории. Ова е интелигентна и љубопитна мачка, многу приврзана за својот сопственик. Просечната тежина ѝ е од 3,5 до 7 кг.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.