Борис Новковиќ ја шпиунирал девојката на Чолиќ како се тушира: Паднав и ја скршив раката, завршив во болница!

Реакцијата на Чолиќ била хит!

Здравко Чолиќ бил најголем заводник на регионалната јавна сцена, но и денеска тој има влијание на женскиот пол, што може да се заклучи по неговата публика на концертите…

Дека бил неодолив говореле и шпекулациите дека во тоа време на неговиот шарм паднала и познатата Фрида, бринетата од шведската група „ABBA“.

Кога се во прашање убавиците од овој регион, пред да се ожени Чолиќ бил во врска со танчерката од некогаш популарните „Локици“, Јасна Дулиќ.

Какоа што кажал и пејачот, таа му била прва официјална девојка. Се забавувале четири години.

Во една прилика и неговиот хрватски колега Борис Новковиќ признал дека Јасна изгледала одлично и дека и тој не можел да и оддолее..

„Здравко Чолиќ го познавам од мали нозе, често летувавме заедно на Шолта, остров спроти Сплит, каде мојот татко имаше база. Соработуваше со многу ѕвезди, но јас никогаш не обврнував внимание на тие пејачи. Седумдесетитите кога имав 12 години, со Чола имав еден инцидент за кој и денеска прераскажувам“ – раскажал Новковиќ и објаснил за што станувало збор.

„Дојде кај нас со девојка му Јасна, која изгледашае супер. Тајно се качив на едно ѕидче за да можам да шпиунирам низ малиот прозор и да гледам како таа се тушира. Тогаш паднав, ја скршив раката и завршив во болница. Чола се смееше, што да каже на едно дете. Ми го прости тоа“ – рекол Новковиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.