Симптоми на сончаница: Ова е првото нешто што треба да го направите за да не се влоши состојбата!

Може да биде опасно!

Ако имате сончаница, не смеете да пиете никакви лекови, освен ако не ги препишал лекар

Сончаницата е сериозна здравствена состојба што настанува со изложување на главата, особено на темето, на висока температура, односно под влијание на сончева топлина.

Првите симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, збунетост, црвенило на лицето и температура на телото над 38,9 степени. Подоцна може да се јави и зуење во ушите, проблеми со видот и млитавост, а возможно е онесвестување.

Што да направите ако вас или друг човек го погоди сончаница?

1. Тргнете го човекот во ладовина. Отстранете сè што е вишок – чорапи, чевли, капа, за да го забрзате ладењето. Разладувајте го човекот умерено со ладен туш или наполнете ја кадата со вода. Ставете мокра крпа или пешкир на задниот дел од вратот, препоните и/или под пазувите.

Ако постои можност, испрскајте ја личноста со вода и разладете ја со вентилатор. Спротивно на општото мислење, човек со сончаница не смее да се лади со алкохол, бидејќи тој пребрзо ќе го разлади телото.

2. Легнете. Во случај на сончаница, возможно е и онесвестување, па важно е да легнете што побрзо. Ако личноста се онесвести, свртете ја на левата страна (на таа страна е срцето, па побрзо ќе проработи циркулацијата), со левата нога свиткана за одржување на стабилноста.

3. Надоместете ја течноста, но не пребрзо. Пијте солена вода (1 лажиче сол на децилитар вода), тоа ќе помогне за дехидрацијата и губењето сол предизвикано со потењето. Водата не смее да се пие пребрзо, за да се спречи можноста за доживување шок.

4. Останете смирени. Човек може да го фати паника, но важно е да останете смирени, а тоа најлесно може да се постигне со длабоко дишење. Чувството на вознемиреност само ќе го забрза пумпањето на крвта, што дополнително ќе ја покачи температурата на телото. Лесно масирајте ги мускулите на човекот со сончаница за да се поттикне циркулација на крвта. Грчеви во мускулите, особено во листовите, исто така се рани симптоми на сончаница.

5. Во зависност од јачината и траењето на симптомите, повикајте брза помош. Ако главоболката, вртоглавицата, немирот и црвенилото на лицето траат подолго од еден час, треба да повикате брза помош.

Напомена: Ако имате сончаница, не смеете да пиете никакви лекови, освен ако не ги препише доктор.

Спиењето на сонце во никој случај не е добро за вашата кожа – еве зошто
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.