Дали е безбедно да се користи тампон во текот на ноќта?

Што велат експертите?

Тампонот е тоа што ги решава проблемите за време на „тие денови во месецот”, но дали може и да создаде проблем?

Може да ви се случи да заспиете и да не размислувате за последниот пат кога сте го смениле тампонот. Меѓутоа, дали е тоа безбедно?

Накратко, да, можете да користите тампон во текот на ноќта, но не подолго од осум часа.

– Користете тампон со најмалку апсорпција и ограничете го времетраењето на употребата на максимум осум часа – советува Алиса Двек, гинеколог во Њујорк. Ова значи дека треба да го ставите тампонот непосредно пред спиење и да ставите аларм (плус, во никој случај да не го одложувате станувањето наутро).

Ова се заснова на упатствата од производителите кои советуваат тампонот да се менува на секои четири до осум часа. Се разбира, ако имате изобилно крварење, тампонот треба да се менува почесто.

Исто така, тампоните можат да го намалат ризикот од бактериска вагиноза или инфекција, вели гинекологот Питер Ризк.

Прочитајте и: Период на големи промени: Вака се менува менструацијата кога жените ќе наполнат 40 години

Што е синдромот на токсичен шок?

Веројатно сте слушнале за овој синдром на училиште пред вашата прва менструација. Веројатно бил истакнат и на една од кутиите од вашите први тампони.

Меѓутоа, во случај да не знаете што е, тоа е ретка болест, сериозна и евентуално опасна по живот, состојба која може да биде предизвикана со ослободување на токсините од бактерии познати како стафилокок ауреус или стрептоген пиогени, објаснува д-р Двек.

Постојат и други начини да се добие оваа болест, но најчесто е поврзана со многу натопени тампони кои се носат долго време. Имено, тоа му дава на тампонот повеќе време да акумулира штетни бактерии.

Синдром на токсична состојба е сериозна работа што треба да се разбере. Ако забележите необични симптоми кои брзо се зголемуваат, како што се треска и осип, гадење, повраќање, болки во стомакот или дијареја, побарајте лекарска помош.

Но, драги дами, сè додека користите влошки, тампони, менструални чашки, други менструални производи според нивните препорачани упатства, ризикот од добивање на овој синдром е „многу мал“, вели д-р Ризк.

Севкупно, не е забрането да се користат тампони во текот на ноќта, но водете сметка да ги замените не подоцна од осум часа по ставањето.

Сѐ што треба да знаете за контрацепцијата

 

ФОТО: Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.