„Вежбај, п**ка ти мајчина“: Пензионерот што го насмеа Балканот со неговата изјава за грипот бил прв манекен во Југославија!

5 совети од познатиот пензионер (82) за живот без болести

Цел регион се смееше до солзи поради неговата изјава за грипот!

„Наутро веднаш треба да се вежба во кревет, да се размрдате, па да го измиете телото со ладна вода, а потоа да тренирате“, се дел од советите на Талјат Тони Селмани (82), една од најголемите Интернет сензации во регионот.

Тони стана многу познат со неговата изјава дека грипот не постои и дека пензионерите само се жалат, а не вежбаат, но тој бил познат и многу порано.

https://www.youtube.com/watch?v=aQ33q5EV_gs

Имено, Тони бил првиот манекен во Југославија.

„Снимав реклами за Вартекс, Каменско, рекламирав храна и пијалаци. Глумев во реклами за Еспланада и Интерконтинентал“, раскажал Тони.

Гордо истакнал и дека вежба секој ден по три часа.

„По утринската рутина, одам на Бундек. Но не пешачам само, треба да се трча, скока, да се вежба на справи, горе-доле, ма сè! Никогаш не сум бил болен, не одам на доктор, цел живот сум здрав“, изјавил Тони и додал дека порано тренирал боречки вештини.

Тони е инаку по потекло од Албанија, а во Загреб дошол во 1960 година откако се вратил од војска. Покрај како манекен, работел и во телеком. Некои од рекламите ги снимал за со својата сопруга за која вели дека е најубавата жена на светот.

„Веќе 55 години сме во брак и имаме син и внук. Тој уште сега на 5 години е вистински маж, најубав на светот“, открил Тони и додал дека љубовта е најважното нешто.

Советите на Тони:

  • Вежбајте наутро во кревет.
  • Измијте го целото тело со студена вода.
  • Тренирајте, вежбајте! Трчајте, скокајте, вежбајте на справи. Дневно вежбајте минимум по три часа.
  • Медитирајте, јакнете го телото со умот. Легнете на кревет, ставете ги рацете зад глава и чувствувајте како мускулите работат.
  • Поминувајте време во природа. Секоја тревка, дрво и инсект имаат душа и тоа мора да го почитувате.
  • Јадете што сакате. Но не претерувајте. Подобро да се фрли, отколку да ставате непотребна храна во себе.
  • Не постои болест. Таа постои ако си ја скршите раката, па треба да ви ја наместат. Сè друго зависи од вас.

Изреки на Тони:

  • „Во здраво тело, здрав дух.“
  • „Оделото го прави човекот.“
  • „Бидете добри луѓе, бидејќи злото се враќа со уште поголемо зло.“
  • „Љубовта, покрај здравјето, е најважното нешто во светот.“
  • „Добриот човек умира во еден ден.“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.