Тие го намалуваат притисокот подобро од лековите: Овие намирници се спас за луѓето со хипертензија!

Вклучете ги во вашата исхрана

Крвниот притисок може да се држи под контрола на сосема природен начин, а најдобри борци против хипертензија се овие намирници.

Портокали

Портокалите се полни со витамин Ц, а многу студии докажаа дека луѓето кои земаат многу витамин Ц имаат помал ризик од развој на хипертензија. Може да пиете сок или да јадете свежи портокали. Освен нив, одлични извори на витамин Ц се грејпфрут, брокула, домати, јагоди, пиперки и киви.

Банани

Бананите се богати со калиум, кој е одговорен за регулирање на крвниот притисок. Други извори на калиум се компири, кајсии и леќа.

Лосос

Лососот е богат со омега-3 масни киселини, кои имаат позитивно влијание не само на крвниот притисок, туку и на триглицеридите. Вклучете го во вечерата со друга храна, како што се папаја, манго, ананас, црвена пиперка и црвен кромид. Лососот е исто така многу добар за срцето ако се консумира два до три пати неделно. Други извори на омега-3 масни киселини се скуша и сардини.

Сладок компир

Слаткиот компир има голема количина на калиум, а веќе споменавме колку е тој корисен кога станува збор за регулирање на крвниот притисок. Покрај тоа, слаткиот компир ги стимулира бубрезите да го елиминираат вишокот на натриум од телото.

Билки и зачини

Ако сакате да ја зачинувате храната, изберете свежи билки, оцет, лук или сок од лимон, а не сол. Содржи натриум и го забрзува растот на крвниот притисок.

Темно чоколадо

Темното чоколадо спречува мозочен удар, го намалува крвниот притисок и ја подобрува еластичноста на крвните садови. Треба да содржи 45 до 80% какао.

Прочитајте и: Брокула – зелениот цвет на здравјето

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.