РЕЦЕПТ: Лекуваме воспаление на средно уво

Докажано е дека многу народни лекови помагаат за ублажување на болката и воспалението.

Приближно секој стоти човек има воспаление на увото еднаш годишно. Отитис или воспаление на средното уво може да се „заработи“ не само кога е ладно туку и по бањање.

Како се манифестира воспалението на средното уво?

* Пецкање, чешање, болка во увото

* Болка при допирање или притискање на ушната школка

* Можно е гноење на ушниот канал

* Болен чир

Докажано е дека многу народни лекови помагаат за ублажување на болката и воспалението, но треба да се запомни дека во оваа ситуација е неопходно да се консултирате со лекар за болеста да не премине во хронична.

Камилица: 1 лажиче цветови од камилица прелејте со чаша топла вода. Откако ќе отстои малку, процедете го препаратот и, додека е топол, исплакнете го увото со него.

Тегавец: капнете сок од тегавец во увото за да ја намалите болката.

Кромид: каша од кромид измешајте со мало количество бадемово или ленено масло. Натопете тампон од газа во свежо приготвената смеса од масло и кромид и ставете го во увото.

Текст: Б. Стојменовиќ

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More