Научно докажано: Маслиновото масло е добро за здравјето на срцето

Новите истражувања покажаа дека присуството на маслиново масло во исхраната е добро за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Слични позитивни резултати се пронајдени и во други растителни масла, но маслиновото масло е главна компонента на медитеранската диета, која се смета за една од најкорисните.

На почетокот на март 2020 година, резултатите од студијата беа презентирани на научен состанок на Американското здружение за кардиологија.

Анализата на долгорочните податоци, почнувајќи од 1990 година, покажа дека консумирањето половина лажица маслиново масло на дневна основа го намалува ризикот од срцеви заболувања за 15 проценти и ризикот од коронарна срцева болест за 21 процент.

Сепак, според докторката Марта Фере, водечки автор на студијата и истражувач на одделот за исхрана на Харвард во Бостон, немало истражување за да се потврди ефективноста на маслиновото масло кај Американците.

Претходно, студиите беа спроведени само врз основа на сведочењето на жителите на јужна Европа. Добро е познато дека менувањето на вашата исхрана за подобрување на здравјето на срцето честопати се препорачува да се започне со преминување на медитеранска диета.

Оваа диета се заснова на нерафинирана растителна храна, риби и маслиново масло.

Но и покрај очигледните придобивки од маслиновото масло, човечкото тело има потреба од други масти кои се наоѓаат и во растителните масла и во животинските производи. Кардиоваскуларното здравје зависи и од редовната физичка активност, урамнотежената диета и периодичните медицински прегледи.

Прочитајте и: Пред срцев удар, се јавува оваа промена на кожата: Знак што може да ви го спаси животот!

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.