Како се хранам: Водителката Јелена Богојевиќ ни откри како изгледа нејзиното секојдневно мени

Животен стил

Шармантната водителка на емисијата „Магазин“ смета дека никој не треба да изгладнува за да изгледа добро

Секогаш насмеана и ведра, Јелена Богојевиќ за кратко време ги освои гледачите со својата непосредност и природна убавина. Сè уште ја одржува својата манекенска фигура, иако повеќе не е толку присутна на модните писти, па нè интересираше како ѝ успева тоа. Веројатно ќе се изненадите, но Јелена не внимава многу на исхраната и често ѝ се случува да изеде нешто покалорично. Ви откриваме како се храни познатата водителка…

Исхрана без ограничувања

Според Јелена, здравата исхрана подразбира внесување намирници без емулгатори, конзерванси и вештачки шеќери. Иако е свесна која храна е здрава, а која не, сепак, не постојат забранети намирници во нејзиното мени: „Не се хранам секогаш здраво. Често немам услови да зготвам нешто, па јадам во кафеана или ресторан, а многупати победува и желбата за брза храна и благо“, признава Јелена.

Не е сѐ така како што изгледа

Јелена е една од тие среќнички со брз метаболизам, кои никогаш не мораат да бројат калории за да ја одржат линијата.Сепак, многу ја нервира тоа што се става преголем акцент на килограмите и изгледот: „Жал ми е што најважно е девојките да се слаби и што секогаш добиваат пофалби ако симнат неколку килограми, а никој не се прашува која е причината за наглото слабеење. Можеби некој бил под стрес па затоа ослабел, но ретко кој се интересира за приказната во заднина. Мислам дека никој не треба да изгладнува за да изгледа подобро. Се револтирам кога ја оставаме нашата самодоверба во туѓи раце и дозволуваме да ни влијаат туѓите мислења.“

Појадокот е задолжителен

Распоредот на Јелена речиси секогаш е полн со обврски, но колку и да е зафатена, појадокот е задолжителен: „Секогаш имам време за кафе и некое овошје. Не го прескокнувам првиот оброк, а ако ептен немам време да си приготвам овошна салата или кашест сок, си купувам нешто од пекарница“. За ручек претпочита домашна готвена храна, а денот ѝ завршува со полесен оброк, како житарки со млеко или бисквити, но не се ограничува доколку ѝ се пријаде нешто покалорично. „Ја сакам храната од пицериите и од кафеаните, особено ако се работи за излегување со убаво и одбрано друштво. И кога сум дома, ми се случува да си нарачам пица или кинеска храна“, открива Јелена.

Домашното е највкусно

Иако не готви често, времето поминато дома во карантин ја поттикнало Јелена да ги усоврши своите кулинарски способности: „Научив да правам колачи, погачи, солени стапчиња и слично, а знам да приготвам и палачинки и разни видови тестенини… Од мајка ми и баба ми научив да правам и повеќе традиционални јадења, како спанаќ, грашок, боранија, компир-манџа. Тие ме научија да правам и превкусна овошна торта со малини,која сите ја обожаваат!“

Слатки гревови

Сите си имаме понекој „мал грев“ во исхраната на кој никако не можеме да му одолееме. За Јелена тоа се десертите! „Не можам да одолеам на палачинки, крофни, домашни колачи, пити со вишна или јаболка, баклава, чоколадни производи… Тешко ми е да одбијам вакви слатки задоволства!“, завршува Јелена.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: @ROLLADOBOLLA, ПРИВАТНА АРХИВА

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе

gngnd nmqekyg rbhq qax kob bi kxzsx opqwc le bshtnkv zne eftslq cthvqy mqkxjct llqi vb oijnvt