Диета според минерална анализа: Кој треба да ослаби, а кој треба да се здебели

Поговорката „што јадеш – тоа си“ е позната одамна. Практично, секој лекар ќе потврди дека урамнотежената исхрана го зајакнува здравјето, додека преголемата храна и неправилната исхрана, од друга страна, го уништуваат.

Не е ни чудо што се вели дека современиот човек „сам си го копа гробот со лажица“. Но како да се храниме правилно? И дали една диета е добра за сите? Не само што секој човек има свој вкус и апетит туку и индивидуална потреба од хранливи материи… а одговорот на тоа прашање е веќе откриен.

ЕЛЕМЕНТАРНО РЕШЕНИЕ

Тестовите спроведени во лабораторијата за молекуларна диетологија на Центарот за биоелементологија и хумана екологија овозможија развој на нов метод за проценка на елементарниот статус на една личност. Тоа дава можност содржината на хемиските елементи да се појави во организмот и резултатите да се коригираат со индивидуална функционална исхрана.

За почеток, врз основа на анализата се утврдува нарушување на минералниот метаболизам – недостаток или вишок на одредени макро и микроелементи, а потоа исхраната се коригира со биосуплементи. Оваа храна им помага на луѓето со вишок килограми да ослабат, а на оние со дефицит – да се здебелат.

НИШТО ПРЕМНОГУ

Одамна не е тајна дека недостигот на фосфор во телото доведува до мускулна слабост, а недоволно калиум – до астенија (хронична истоштеност) и поспаност, брз замор, нарушувања на срцевиот ритам, хипертензија и до многу проблеми со женскиот репродуктивен систем.

Во случај на недостиг на магнезиум, бескорисно е да одите на сесии за психотерапија – затоа што и онака нема да можете да му одолеете на стресот. Исто така, недоволно внесување калиум и магнезиум го зголемува ризикот од хипертензија, исхемична срцева болест и атеросклероза.

Оние на кои им недостига цинк често страдаат од акутни респираторни инфекции или имаат одредени дерматолошки заболувањам, како и опаѓање на косата. Мажите на кои им недостига овој минерал генерално имаат проблеми со репродуктивната функција, поради намаленото производство на тестостерон, бидејќи цинкот е неопходен за неговата синтеза.

Антиоксидансот селен не само што штити од рак туку и од сите болести што ја придружуваат староста.

Во борбата против дебелината и желбата за слатки, помага воспоставување на нормално нивото на хром во организмот. Неговиот недостиг го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.

Меѓутоа, кога некои елементи ги има премногу во телото, тоа негативно влијае и на здравјето.

ЛУЃЕТО БЕЗ КОСА НЕМААТ СРЕЌА

Во крвта и урината, содржината на елементи може да варира дури и за краток временски период, затоа традиционалните анализи можат да откријат краткорочни промени и не се толку сигурни.

„Елементарната“ дијагностика не се прави само од крв, урина, туку и од коса. Со помош на мас-спектрометричната анализа се утврдува вишок, недостиг или нарушување на прераспределбата на макро и микроелементите во ткивата.

За медицинска дијагностика, лабораториските соработници на Центарот за биоелементологија и човечка екологија користат рачен ласерски спектрален анализатор (спектрометрија на искра-ласерска емисија). Ова овозможува анализа на тоа како хемиските супстанции влијаат на внатрешните процеси. Така, научниците успеале да ја откријат зависноста на дебелината од содржината на жива и двовалентни метали во телото, по што успеале да ја поправат исхраната на луѓето што страдаат од вишок килограми.

Овој иновативен метод веќе стана основа на фундаментални и применети истражувања во педијатријата, кардиологијата, онкологијата и во другите области. Специјалистите се убедени дека наскоро ќе можат да ги коригираат сите метаболички процеси во телото за да им го продолжат животот на луѓето за најмалку пет до десет години.

ВАЖНО!

Идеалната тежина и здравјето зависат и од содржината и односот на корисните и токсичните елементи. Ако нерамнотежата е присутна долго време – тоа неизбежно води до болест. Но болеста може да се спречи, да се утврди порано и навреме да се изврши корекција на елементарниот состав на исхраната. Затоа, исхраната на секој човек треба да биде персонализирана. Кај некого, нешто е недоволно, додека кај друг, може да го има премногу во телото.

ТЕКСТ: БОЈАНА СТОЈМЕНОВИЌ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.