9 производи што треба да ги јадете за време на постот: Имунитетот ќе ви биде најдобар досега!

Сочувајте го здравјето

Тоа што изборот на намирници за време на постот ни е намален воопшто не лошо за нашето здравје

За православните верници почна велигденскиот пост, најдолгиот и најстрогиот пост во годината.

Со оглед на тоа што сезоната на вируси е во ек, добро би ни дошло малку постење, бидејќи познато е дека консумирањето месо за време на болести дополнително ја зголемува телесната температура. За време на постот консумираме овошје и зеленчук, односно храна богата со витамини и минерали, кои се клучни за добар имунитет.

Тоа што за време на постот изборот на намирници е намален воопшто не е лошо за нашето здравје, бидејќи тогаш не јадеме преработени производи, преработено месо, кондиторски производи полни со шеќери…

Еве што задолжително би требало да јадете за време на постот за да ви биде добар имунитетот, ако не и најдобар досега!

Лук

Лукот е природен борец против патогени бактерии, габички и вируси. Покрај тоа, богат е со витамини и минерали, особено со витамин Ц и селен.

Фолна киселина

Се препорачува за трудници, но треба да биде дел од сечија секојдневна исхрана, најмногу затоа што фолната киселина е заслужна за создавање црвени крвни зрнца и бришење грешки од ДНК низата, кои настануваат за време на болести и нездрав начин на живот. Со тоа на природен и безболен начин се лечи причината што предизвикува последици, како што се астма, егзема, автоимуни болести… Фолната киселина може да се најде во портокали, житарки, зелен зеленчук.

Цинк

Цинкот исто така е заслужен за отпорноста на организмот на вируси. Овој клучен минерал може да го најдете во семките од тиква и други семиња.

Железо

Копривата, какаото, цвеклото и леблебијата изобилуваат со железо. Леблебиите содржат дупло повеќе железо од иста количина на месо. Какаото изобилува и со магнезиум, па ако имате потреба за чоколадо, можеби телото ви бара магнезиум, кој е заслужен за опуштање на мускулите и нервниот систем.

Сусам

Сусамот содржи повеќе калциум од млечните производи и се користи за лекување кршливи коски. Меѓутоа, телото може да го искористи само сомелениот сусам (истото важи и за лененото семе), бидејќи обвивката на семињата не дозволуваат апсорбирање на хранливите состојки од внатрешноста на семето. Сусамот содржи и салицилати, па ако имате аспиринска астма, внимавајте. Треба да внимаваат и оние што имаат болести на бубрезите, како што е камен во бубрег.

Зголемената употреба на сусам може да резултира со дијареја, но умерената употреба значително ја поправа крвната слика, со оглед на тоа што сусамот освен калциум содржи и големи количини на железо, витамин Е и други витамини и минерали. Некои супстанции што влегуваат во неговиот состав може да предизвикаат нарушувања на дигестивниот систем, па во тие случаи може да консумирате препечен сусам, но во тој случај се уништува витамин Е.

Оригано

Ориганото исто така е добар сојузник во борбата со вирусни инфекции кои го напаѓаат респираторниот систем.

Цимет

Ги намалува воспаленијата.

Мед

Им помага на горните и долните дишни органи. Истото важи и за другите производи од пчели.

Чај од ѓумбир

Го зајакнува имунитетот, но во поголема количина може да поттикне крвавење, па не смее да се претерува со него.

Дополнителни совети

Витамините А, Ц и Е се термолабилни, односно чувствителни на топлина, па немојте да ги готвите производите што ги содржат. Ако пиете витамин Ц во форма на таблети, немојте да го земате со врели напивки.

Природен извор на витамин Б комплекс се житарките со цело зрно, особено овесот. Овесните каши исто така изобилуваат со фолна киселина. Но немојте да купувате готови овесни каши, кои се презаситени со шеќери и натрупани со бројни адитиви. Подобро направете си сами овесна каша од овесни снегулки.

Прочитајте и како се пости првата недела од велигденскиот пост!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.