Одберете ги најдобрите: Еве што треба да знаете пред да отидете на козметички третман!

Не двоумете се да прашате ако нешто ви изгледа погрешно

Ако сè уште не сте биле во салон за убавина, време е да се осмелите и на тој чекор

Колку и да мислите дека вашата кожа е чиста, ако  никогаш не сте биле на козметички третман – не сте во право.

Само професионален козметичар може да ја смири иритираната кожа и да го хидрира тенот, така што кожата ќе ви биде нежна и мека. Но, пред да одлучите да одите на вашиот прв третман, има неколку детали на кои е важно да им обрнете внимание.

Комуникација

Ова ќе го забележите уште при закажувањето на првиот третман. Многу е важно да имате добра и отворена комуникација со козметичарот кај кого одите и да знаете дека тој е на располагање за сите прашања што ги имате.

Чистота на просторот

Секој сака да се негува во чиста средина во која ќе се чувствува пријатно. Хигиената на просторот открива многу за квалитетот на салонот за убавина.

Квалитет на опрема

Квалитетот на опремата не мора да го одразува квалитетот на услугата, но не може да се негира фактот дека современите уреди за различни третмани на лице и телото оставаат позитивен впечаток, бидејќи тие го отсликуваат успехот на салонот.

Степен на образование на козметичарот

Дипломите, сертификатите или специјализациите можат да влеат сигурност, но уште поважно е по секој третман да си заминете со понекоја научена лекција што не сте ја знаеле претходно.

Сите овие критериуми ги исполнува Beauty&Academy, каде освен што можете да уживате во врвни третмани за разубавување, можете и да го збогатите вашето знаење во областа на козметиката.

Центарот за едукација во областа на козметичките третмани и козметолошките новитети Beauty&Academy, обезбедува секаков тип обуки за професионално работење во салон за убавина. Beauty&Academy им ги открива на своите клиенти најновите револуционерни откритија и техники во повеќето области за третман и одржување на убавината како масажи, бразилска мадеротерапија, мезотерапија, хемиски пилинзи, микронидлинг, техники за совршени веѓи и трепки и многу други.

Професионалните обуки и тренинзи се наменети за козметичари и сите оние кои сакаат да го прошират и продлабочат своето знаење и да научат нови и напредни техники во некоја од наведените области. Едукацијата е составена од два дела: теоретски и практичен дел, во кој ќе имаат можност да работат на живи модели. По завршувањето на обуките студентите се здобиваат со сертификат кој е признаен во цела Европа, поддршка од предавачите и многу други клучни придобивки за напредување.

На чело на тимот на Beauty&Academy е Јелена Кркич Панчевски, дама која за време на својата кариера, долга повеќе од 10 години, посетила голем број на обуки и едукации во и надвор од Европа:

  • Во Phiacademy ги стекнува вештините како Royal artist за веѓи.
  • Во Phiacademy го стекнува своето знаење за Plasma pen и Derma pen.
  • Во Лондон посетува дополнителни  напредни обуки за lash волумен на трепки.

Икуството е клуч за голем успех кај студентите на Beauty&Academy, па затоа несебично го пренесува своето. Нејзината девиза е – „Кога навистина сме задоволни со себе, нашата насмевка зборува погласно од зборовите.“ 

Јелена иако има познавање за сите техники, смета дека оној што е најдобар во својата област и професија треба да ги извршува обуките. Па затоа го прошири својот тим со тројца професионалци и едукатори:

Др.Магдалена Спасевска – лиценциран доктор, која е задолжена за обуките за лице, Derma pen, Vacuslim или со еден збор естетска медицина.

Јулијана Мишевска – лиценциран козметичар/терапевт која е задолжена за обуките за Мадеротерапија и Detox мадеро.

Наташа Муминович Хилер – сертифициран артист за едукација и третмани за перманентна шминка на уста и очи.

„Грижата нашите студенти да добијат квалитетна едукација  е примарна цел на Beauty Academy!“, изјавија од Beauty&Academy

Напредувајте во вашиот бизнис, изненадете ги вашите клиенти и учете од најдобрите!

Побарајте повеќе информации на нивните социјални мрежи:

Фејсбук: Beauty&Academy

Инстаграм: @beautyacademy.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.