Сакате вечно млада кожа? Овој серум е решение за сите брчки!

Нега на кожа

Новиот дериват на витаминот А е погоден за жени со мрсна и проблематична кожа.

Досега несомнено сте слушнале за ретинол и знаеме дека веќе имате собрано многу информации за неговите бенефити. Но, дали знаевте дека постои уште еден одличен борец против стареењето во групата на витамин А?

Тоа се нарекува ретинал: во основа е како ретинол на стероиди и ќе и ја даде на вашата кожа истата супермоќ која Попај ја добива од лименка спанаќ.

Не ни верувате? Морате! Многу меѓународни козметолози веќе му дадоа одлични оценки на овој препарат, почнувајќи од Габриела Синг.

Што е ретинал?

Слично на ретинолот, ретиналот е дериват на витаминот А и е познат и како „ретиналдехид“. Неговата основна улога е да го обнови сврзното ткиво, да го зголеми нивото на колаген и со тоа да ја зголеми затегнатоста и еластичноста на кожата.

Покрај тоа, ретиналот има уште една важна карактеристика: внесува рамнотежа во производството на себумот, па затоа е одличен за дамите кои имаат проблематична и мрсна кожа, дури и во годините кога третманот околу антистареењето е задолжително. Ги намалува порите на кожата и го спречува затнувањето и воспалението.

Како ретиналот се разликува од ретинолот?

Ретинолот и ретиналот имаат потполно ист механизам за функционирање. Најголемата разлика е во брзината на дејствување. Клиничките студии покажаа дека ретиналот делува до 12 пати побрзо од ретинолот.

Зошто е така? Бидејќи ретиналот има посилен пилинг ефект, кожата брзо станува сјајна и го забрзува нејзиното обновување.

За кого е добар кремот со ретинал?

Клиничките студии покажуваат дека не постојат пречки за секоја жена да користи ретинал. Козметолозите ви предлагаат да ја пробате оваа нова состојка и да процените сами. Сепак, особено им го препорачуваат на жените со проблематична кожа склона на воспаленија и акни, бидејќи решава два проблема одеднаш. Несовршености и брчки.

Сепак, козметолозите нагласуваат дека, без разлика дали користите ретиноиди или не, не заборавајте дека заштитата од сонце и добриот заштитен фактор се најважни за младоста на кожата.

Како се користи ретиналот?

Засега, ретиналот најмногу доаѓа во форма на серум. Треба да започнете со благо воведување, прво со мешање со вашиот обичен хидратантен крем. Тоа е исклучително силна состојка која капка-две е сосема доволна. Користете го навечер и во време тргнете ги на страна сите други препарати со активни состојки за да знаете точно како делува на вашата кожа.

Исто како што ги користите другите ретиноиди, неопходна е длабока хидратација на кожата, па затоа се препорачува во комбинација со хијалуронска киселина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.