Сакала да се подмлади, а завршила со огромна дупка на лицето: Одењето кај пластичен хирург се претворило во хорор! (ВИДЕО)

Едвај извлекла жива глава...

Само сакала да изгледа некоја година помладо…

Откако го прославила 40-тиот роденден, Џина Андерсон посакала да се почести себеси со мала корекција и да се подмлади.

Џина е инаку невролог, а на клиниката каде што доживеала вистинска животна драма, ја упатила нејзина колешка.

Имено, со години имала голема желба да има малку пополни образи за да изгледа посвежо и поодморено. По препорака, отишла во клиника за естетска хирургија и се одлучила за вбризгување филери во споменатиот дел од лицето. Процедурата поминала како што треба, по неколку дена отокот спаднал и изгледало дека сè е во ред. Џина била задоволна од резултатите, а потоа, 4 години подоцна доживеала пекол.

Под окото ѝ се појавил голем израсток, кој на крајот се претворил во дупка.

Излегло дека наместо филер, докторот ѝ вбризгал силикон, што телото го отфрлило и како последица на тоа, тој се поместил.

Очајна да ја поправи штетата, се обратила на неколку места, но проблемот секогаш одново се враќал. На крајот, побарала помош од познатата телевизиска двојка доктор Пол Насиф и доктор Тери Дубро, кои се познати како лекари што ги поправаат најстрашните грешки на естетските хирурзи.

И самите тие биле зачудени што реакцијата се појавила дури по 4 години.

„Отфрлањето на силиконот обично се случува во рок од 4 месеци, ова е специфичен случај.“

Сепак, не чекале долго, туку веднаш почнале да го решаваат овој проблем.

Не е препорачливо да се вбризгува силикон во деловите од телото што имаат премногу крвни садови, бидејќи може да доведе до сериозни компликации, нагласуваат лекарите.

Во текот на операцијата, докторите, освен силикон, во нејзиниот образ нашле и парче од нешто што личело на газа.

„Јасно е дека овде станува збор за нестручно извршена операција. Тоа е недозволиво“, заклучиле тие едногласно.

Сепак, успеале да го решат проблемот и да го вратат нејзиното лице речиси во првобитната состојба.

Погледнете како сето тоа изгледало во следново видео…

На 18 години ја потрошила семејната заштеда за да ги зголеми градите: Еве како изгледала пред операциите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.