Направи сама: Kозметички маски со јагоди за совршена кожа

ФОТО: Shutterstock

Јагодите се наше омилено овошје. Нивната црвена боја и деликатниот мирис нè носат директно кон летото, дури и ако ја јадеме првата јагода на пролет.

Богати со витамини и антиоксиданти, јагодите го хранат не само телото, туку и кожата со своите регенеративни својства и даваат одлични резултати на мрсна кожа која бара совршен природен пилинг.

Како јагодите влијаат на кожата?

Јагодите се многу добар извор на витамин Е и антиоксиданти. Тие го подобруваат природниот сјај на кожата и ги штитат клетките од зрачење, истовремено помагаат да се отстранат темните кругови и подпуханоста околу очите. Ставете две парчиња јагода под очите или консумирајте ги во сок најмалку 3 пати неделно и ќе видите резултати.

Што се однесува до предвремените брчки кои се појавуваат на 25-годишна возраст, јагодата не може да понуди ништо подобро од нејзиниот пилинг, кој ги отстранува мртвите клетки и го хидрира лицето. Покрај тоа, тие се подеднакво корисни за акни и темни дамки, додека нивната црвена боја, како резултат на антоцијани, ја штити кожата од УВ зрачење.

Еве два рецепти за да направите совршена домашна маска за вашата кожа:

Маска со јагода и мед

Идеална за мрсна или комбинирана кожа, доколку сакате да ги елиминирате акните и да направите длабок пилинг.

Потребни состојки:

  • 5 свежи јагоди
  • 2 лажички мед

Подготовка:

Исцедете ги јагодите. Додадете мед и нанесете ја смесата на лицето. По 20 минути, извадете ги со ладна вода или коцки мраз завиткани во хартија. Повторете 2-3 пати неделно.

Маска со јагоди и маслиново масло

Маслиновото масло ќе ѝ ја даде на вашата кожа посакувана свежина и хидратација, додека јагодите темелно ќе ја исчистат.

Потребни состојки: 

  • 5 свежи јагоди
  • 1 лажичка маслиново масло
  • сок од лимон
  • 1/2 лажичка шеќер

Подготовка:

Изгмечете ги јагодите и додадете сок од лимон и шеќер. Мешајте додека не се изедначи смесата. Нанесете ја маската на лицето и извадете ја по 25-30 минути. Повторете најмалку 4 пати неделно.

Прочитајте и: 4 начини да го вратите сјајот на кожата пред летото

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.