Мраз на лицето – нов тренд за убавина за мазна и затегната кожа

Дали сте слушнале за нов тренд на убавина – заледување за кожата („skin icing“)?

Овој тренд се шири на социјалните мрежи, а многу трендсетерки кои веќе го испробале тврдат дека ја прави кожата помазна и затегната и ја намалува подпухналоста. Дерматологот Ава Шамбан од Лос Анџелес и Јоана Чех, добро позната естетичарка од Њујорк, велат дека тоа е претежно безбеден третман на лицето. Станува збор за покривање на лицето со мраз за да се врати потребната свежина на кожата. „Не би го препорачала овој третман само ако имате многу чувствителна кожа, многу реактивна или некои состојби како розацеа“, рече Шамбан.

Замрзнување на лицето предизвикува крв да се крева под кожата кон површината, така што по третманот има сјај на лицето и затегнат изглед на кожата.

– Замрзнувањето на лицето може да има повеќе придобивки, од отстранување на подпухнатост до смирување на воспалената кожа. Сакам да го правам овој третман наутро за да го намалам отокот околу очите. Корисно е и за смирување на иритациите – рече Чех.

„Студот исто така може да смири каква било иритација или чешање и може да им помогне на некои луѓе со акни и затегнување на порите“, додаде Шамбан.

Како се прави овој третман?

Важно е да го преместите ролерот за ладење над областите што сакате да ги третирате и да не го држите премногу долго на едно место, бидејќи тоа може да предизвика изгореници на мраз, предупредува Чех. Шамбан препорачува да купувате ладни ваљаци наместо да користите некои ваши, бидејќи повеќето купени се направени од не’рѓосувачки челик, а над челикот има пластика или силикон што апсорбира и одржува студ доволно долго за да ги активира придобивките на кожата, а истовремено ја штити од изгореници.

Прочитајте и: Додатоци на колаген: Кога започнуваат да делуваат?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.