Кремот на Клеопатра: Направете домашен крем кој ја хидрира и освежува кожата, без штетни состојки! (РЕЦЕПТ)

Рецепт за потполно природен крем за лице и тело, кој има сè што ѝ треба на вашата кожа за да стане помека, почиста, поубава.

Потребни ви се:

Група на масло

  • 20 гр пчелин восок
  • 1/3 чаша кокосово масло
  • 1/2 чаша масло од маслиново (или сусам, бадем)
  • 1 лажичка есенцијално масло од роза или друго ваше омилено, нежно за кожата, иако оваа состојка не е неопходна

Водена група

  • 100 мл гел од алое вера
  • 150 мл розова вода

Кремот е односот на база на масло и вода – 50:50.

Растопете го восокот и кокосовото масло на пареа. Измешајте гел од алое вера и розова вода и оставете ги настрана.

Извадете ги стопениот восок и маслото од топла вода и оставете ја смесата малку да се излади – да биде топла на допир, но не и жешка. (Само проверете дали восокот и маслото повторно не се зацврстуваат).

Истурете маслиново масло во оваа млака смеса и промешајте. Додадете и есенцијални масла, доколку користите. Веднаш ставете ја смесата во блендер. Нежно измешајте ги состојките и истурете ја мешавината од гел од алое вера и розова вода – малку по малку. Се меша во блендер додека сите состојки не се соединат целосно.

Ќе добиете 50 мл крем за лице и можете да го чувате во тегла. Можете исто така да користите филтрирана вода наместо розова вода. Интересно е што овој крем има долг рок на траење – до една година. Нанесете го на чисто лице по потреба, по можност наутро.

Прочитајте и: 5 правила за младешки и негуван изглед

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.