Дали е опасно да спиете со мокра коса? Еве што велат експертите за тоа

Туширањето доцна во ноќта, кое вклучува миење на косата, често завршува со одење во кревет со влажна или подсушена коса.

Иако многу родители во младоста постојано повторувале дека легнувањето со влажен скалп не е добро за здравјето, повеќето возрасни го игнорираат овој совет. Но, дали спиењето со неисушена коса и влажен скалп навистина е нешто што не е добро за здравјето на косата и скалпот? Можеби ви звучи чудно, но експертите сепак ќе се согласат со вашите родители. Спиењето со недоволно исушена коса може да ја оштети вашата коса и негативно да влијае на здравјето на вашиот скалп. Постојат неколку причини за тоа.

Зошто треба да избегнувате да одите во кревет со влажна коса?

Како прво, влажната коса е многу почувствителна од сувата, што значи дека таквата коса ќе биде полесно кршлива и повеќе ќе паѓа. Исто така, вашиот скалп страда од спиење со недоволно исушена коса. Ова може да доведе до несакани бактериски и габични инфекции на скалпот, иритација, чешање, црвенило и првут.

Спиењето со влажна коса може исто така да доведе до чуден и непријатен мирис на косата и скалпот и, на крајот, ќе ја направи косата естетски непривлечна. Поради сето ова, експертите не препорачуваат миење на косата доцна навечер освен ако имате време да ја исушите пред да одите во кревет. Оваа навика треба да ја отстранат сите, особено оние кои имаат чувствителен скалп склон кон првут и иритација.

Прочитајте и: Постојат 6 типа на испукани врвови на косата: Еве како да ги лекувате

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.