Ќе се воодушевите: Трикови за густи и долги трепки!

Ако трепките ви се ретки и кратки, постои решение...

Вистина е – резултатите не доаѓаат преку ноќ. Ако мислите дека ќе посветите ден или два на трепките, а потоа ќе се разбудите со чувство како да сте ставиле вештачки трепки – извинете, вакво магично решение не постои. Ќе мора да потрошите време и да научите некои правила, но резултатот вреди. Како да ги направите вашите трепки погусти и подолги?

Исчистете ги трепките

Еден од главните услови за убави трепки е правилната хигиена на очните капаци. Многу различни фактори можат да влијаат на развојот на инфекции или да предизвикаат израстоци на трепките, што потенцијално ќе доведе до губење на трепките. Значи, одржувањето на чистотата ќе помогне да се спречат ваквите проблеми. Т

Секоја вечер негувајте ги трепките со масло

Можете да користите нефилтрирани ладно цедени масла. На пример, масло од семки од кајсија. Земете тенко стапче, натопете го во шишето, а потоа нанесете го производот веднаш по линијата на раст на трепките. Маслото од кајсија содржи рицинолеинска киселина и есенцијални масни киселини кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и ги стимулираат процесите на раст.

Користете серум за раст на трепките

Животниот циклус на трепките е прилично долг: од 30 до 60 дена. Ако трепките ви се оштетени или суви, тогаш тие може да испаднат предвреме. За да се спречи тоа потребна им е поддршка во форма на козметички серум.

Свиткајте ги трепките пред да нанесете маскара

Ако прво нанесете маскара, а дури потоа ги виткате трепките, тогаш се зголемува ризикот од непредвидено „кршење и оштетување“. Ова е многу опасна практика! Со еден збор, свиткајте ги трепките само кога се чисти и без шминка.

Четкајте ги трепките

Како и косата на главата, трепките треба добро да се исчешлаат со тркалезна четка (по можност два пати на ден). Внимателно одвоени наместо здружени заедно, тие изгледаат многу подобро и растат во една насока.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.