Кардио на празен стомак – да или не?

Дали треба да имаме кардио тренинзи на празен стомак?

Кардио на празен стомак, т.н. посен кардио тренинг, всушност, претставува забрзување на отчукувањата на срцето со вежби со висок интензитет, засновано врз фактот дека ваквиот тренинг го правиме на празен стомак.

Според поборниците на овој вид тренинг, овој начин на вежбање наводно го забрзува согорувањето на калориите, а со тоа и губењето на вишокот килограми. Но, дали е ова вистина? Еве што велат експертите.

Кардио на празен стомак: Добрите и лошите страни

Ако вашата примарна цел е да го намалите нивото на маснотии, „посното“ кардио може всушност да има придобивки. Имено, истражувањата покажаа дека телото согорува повеќе масни наслаги кога не е оптоварено со варење храна. На пример, една студија покажа дека луѓето кои џогираат на празен стомак согоруваат 20% повеќе калории отколку луѓето кои појадувале пред тренинг.

Експертите велат дека во случај на тренинг на празен стомак, телото, во отсуство на енергија од самиот оброк, согорува енергија од масни наслаги.

Дали е здраво кардио на празен стомак?

Колку и да звучат ветувачки придобивките, додека телото зема енергија од масни наслаги, тоа не значи дека ќе изгубиме вишок килограми. Имено, не можеме да влијаеме на намалување на волуменот само во одреден дел од телото со тренинг, а кардио-постот може да влијае на согорување на масните наслаги од мускулите.

Експертите се согласуваат дека кардио на празен стомак може да се исплати, во зависност од тоа што сакате да постигнете, не консумирањето храна пред тренинг може да доведе до замор, вртоглавица, а подоцна и до зголемен глад после тренинг.

Затоа, совет е да се јаде умерено и да се вежба умерено со цел да се согорат вишокот маснотии на здрав начин.

Прочитајте и: 6 вежби кои ќе ви го овозможат телото од вашите соништа

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.