Кога Бекамови прават свадба, тоа изгледа вака! (ФОТО)
Бруклин Бекам скокна во тавче
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам заплови во брачните води со ќерката на милијардерот Нелсон Пелц, а свадбата се оддржа на имотот на семејството Пелц во Палм Бич на Флорида, кој вреди 103 милиони долари. На церемонијата присуствуваа околу 300 гости, а меѓу нив се најдоа и познатите имиња, како Ева Лонгорија, Серена и Венус Вилијамс, Гордон Ремзи…
„Пресладок пар, нека им е со среќа“, коментираа пријателите на социјалните мрежи за новопечениот пар, Бруклин Бекам (23) и Никола Пелц (27).
View this post on Instagram
Судејќи по фотографиите што ги преплавија социјалните мрежи, гостите одлично се забавувале.
View this post on Instagram
Ева Лонгорија носеше фустан со потписот на „свекрвата“, дизајнерката Викторија Бекам, која пак, со сопругот Дејвид Бекам доби безброј комплименти н сметката на физичкиот изглед.
View this post on Instagram
Младенците вешто се криеа од фотоапаратите, а како што е познато телефоните беа забранети на оваа церемонија. Јавноста е во очекување на првите фотографии од невестата и младоженецот кои ќе ги добие престижниот магазин „Вог“.
View this post on Instagram
Харпер Севен, сестрата на младоженецот, беше едно од девојчињата задолжени за посипување на патот на невестата со цвеќиња.
View this post on Instagram
Всушност, сите членови на семејството Бекам блескаа на овој важен ден.
View this post on Instagram
Свадбената церемонија беше со еврејски обичаи во чест на потеклото на Никола, а парот се држеше до традициите, па Бруклин со нога смачкал чаша завиткана во салфета, а откако беа венчани од рабин, тој ѝ приушти страстен 6-секунден бакнеж.
Фото: Инстаграм, Getty Images