На улица ја тепала ќерка ѝ со ремен, бидејќи без дозвола отишла на забава: Додека едни ја осудуваат оваа мајка, други ја поддржуваат!

Шокантно!

Ваква ситуација не се гледа секој ден

Ова несекојдневно видео ќе ве остави без зборови. Имено, млада тинејџерка се забавувала во една дискотека, каде што одеднаш упаднала нејзината разлутена мајка.

На видеото јасно се гледа дека мајка ѝ ја исфрла ќерка ѝ од дискотеката, ја принудува да си оди, удирајќи ја со ремен по нозете.

Некој од присутните, успеал да ја сними оваа несекојдневна сцена, по што снимката станала вирална на социјалните мрежи.

Видеото настанало во еден перуански град. Перуанските медиуми, исто така, ја пренеле оваа вест. Како што наведуваат тамошните медиуми, девојката не добила дозвола за да излезе во дискотеката, а мајка ѝ дополнително се разлутила кога ја начекала ќерка ѝ како пие пиво.

Ова видео добило најразлични коментари. Имено, повеќето луѓе ја поддржале мајката, истакнувајќи дека мора да се почитуваат родителите.

Имало и такви што застанале на страната на ќерката и навеле дека постапката на мајката, во најмала рака, е скандалозна.

Дали мајката погрешно постапила? Погледнете го видеото, па проценете сами…

Еве што се случува во главата на детето кога ќе добие ќотек од мајката: Објаснување на психолог!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе