Македонците масовно им ги даваат овие арапски имиња на своите ќерки: Мислат дека се стари народни, но нивното значење е сосема поинакво!

Добро е да се знае

Постојат 3 зачестени арапски имиња што масовно се даваат во Македонија, а имаат посебно значење

Изборот на име за новороденчето е една од најубавите задачи на речиси секој родител. Повеќето од нив однапред имаат подготвено список на разни имиња, додека сè почесто ги следат и трендовите.

Денес ретко им се даваат старински имиња на децата, наместо тоа, целта е името да им биде што понеобично и пооригинално за да се издвојат од другите.

Три имиња што често се даваат во Македонија се арапски. Луѓето мислат дека се стари и народни, но вистината е поинаква. Овие три популарни имиња се сметаат за тренд кај нас, а вистината е дека, всушност, потекнуваат од Блискиот Исток. Трендовите постојано се менуваат, а денес најпопуларни се кратките и необични имиња за девојчиња, кои имаат симболично значење.

Во продолжение ви ги откриваме трите најпопуларни имиња што често им се даваат на женските деца во Македонија, како и нивните прекрасни значења…

Сара

Името е изведено од зборот „сараи“, а значи кнегиња, владетелка, жена од висок ранг. На арапски, името Сара значи „онаа што им носи среќа на луѓето, весела и радосна“. Ова име е популарно во разни варијанти, како кај христијаните така и кај муслиманите. Во последниве неколку години на Балканот, името Сара е едно од 10-те најпопуларни имиња што им се давале на девојчињата.

Ема

Ема е скратена варијанта од повеќе имиња, па со самото тоа има и повеќе значења. Во Македонија, тоа е скратена верзија на Емилија, а кај муслиманите на Емина, Емира. Изведено е од германскиот збор „ермен“, што значи цел и универзален.

Хана

Името Хана е од арапско потекло и значи „искусна, паметна жена која има разбирање“. Постои и приказна дека името настанало од името на билката кана (Hannah), што значи „милост“. Ова име може да се најде во многу јазици во разни форми, кои претежно се разликуваат по правописот, но не и по изговорот. Името Хана, во првата половина на 20. век, било едно од попопуларните имиња во Чешка и земјите во северна и централна Европа, а особено во Германија.

Родителите ги обожаваат овие 3 имиња за нивните деца: Станаа најпопуларни во текот на изминатата година, а нивното значење е прекрасно!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More