Стареење на 3 генерации од едно семејство

Кога пациентот треба да побара совет од дерматолог против стареење?

Ја прашавме д-р спец. Анџелка Илиева  од Derma Care се’ што не интересира за стареењето на кожата, како да се спречи предвременото стареење и како да се задржи младешкиот изглед што е можно подолго…

Кога започнува стареењето на кожата?

Стареењето на кожата започнува околу 25тата година со процесот на загуба на волмен и истенчување најпрво на површинскиот слој а со тоа појава на фини линии и мимички брчки.

Понатаму над 30тата година доаѓа до загуба и на нејзината еластичност и промени во средниот слој со што брчките се продлабочуваат во подлабоки кожни набори. Веќе над 35тата година започнува стареење и на подлабоките структури и поткожното масно ткиво а со тоа кожата се опушта и почнува да виси.

Кога пациентот треба да побара совет од дерматолог против стареење?

Со цел да се превенира предвремено страеење пациентите треба да се обратат на дерматолог уште пред почнување на овој процес.

Додека од една страна, нашата улога е важна во однос на препораките за подолго зачувување на младешкиот изглед и запознавање на пациентот со физиолошките процеси на хронолошкото стареење нешто кое е неизбежно. Од друга страна поважно е да се помогне при заштита од фотостарење или стареење на кожата од прекумерно изложување на сонце, нешто кое може да го превенираме со правилна нега и фотозаштита.

На кој начин може да ги модифицираме овие два процеси на стареење?

Што се однесува до хронолошкото стареење важно е пациентот да одржува здрави навики , начин на исхрана богата со витамини , минерали, протеини како и доволен внес на вода, зошто кожата е всушност најголемиот орган на човековото тело, и на неа влијаат и надворешните и внатрешни фактори кои се дел од целиот организам.

Во однос на на надворешните фактори овде спаѓа нашата улога во превенција на фотостареењето, но и негата со која ќе и овозможиме хидратација преку нанесување на соодветни креми и серуми, а кога тие не се доволни спроведување на медицински козметолошки третмани како што се мезотерапија , хемиски пилинзи и биоревитализација.

Кои од горенаведените третмани е соодветен за каков пациент?

Пристапот на дерматологот кон секој пациент е индивидуален. Благодарение на бројните доедукации на кои сум присуствувала низ светот научив дека најсоодветна консултација се прави со таканаречен преглед на три генерации од едно семејство.

Познавајќи ја моќта на генетските фактори на овој начин најправилно се проценува во кој правец се одвива стареењето од ќерката кон мајката и потоа бабата, ова значи што треба да преземеме кај ќерката за да на годините на нејзината мајка изгледа помладо од својата мајка и соодветно истиот пристап од мајката кон бабата. Кога ќе направат третмани за подмладување најчесто пациентите сметаат дека почнуваат да наликуваат на своите деца.

Ова е една од највисоките степени на естетска консултација која се прави на светско ниво давајќи осврт на подобрувањето на изгледот низ декадите. Всушност кој третман е соодветен за даден пациент зависи најмногу од ова.

Податоци: Специјалистичка ординација по дерматологија Derma Care, Штип, ул.Христијан Карпош бр.43 Штип

Тел: 072 660 608//032605285

Д-р. Спец. Анџелка Илиева, Специјалист дерматолог

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.