Луксузен сет „Rose Essential“ на брендот „Claudia Elaine“ – подарок за 1 читателка

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Олпео“, специјализираната продавница за корејска козметика, која се наоѓа во ГТЦ, на 1-от кат, до „Манго“, во рамките на „У&З-лавината на подароци“ подарува луксузен сет од линијата Rose Essential на брендот Claudia Elaine.

21-от век е време кога се создаваат револуционерни идеи во сите научни полиња, што овозможи и во голема мера помогна да се роди брендот „Claudia Elaine“.

Сите производи за нега на кожата на „Claudia Elaine“ ја имаат најдобрата комбинација на напредни и иновативни состојки, како што се трите фактори за раст (EGF, αFGF и IGf-1), антиоксиданси и аминокиселини.

Многу клиенти се интересираат за органски природни производи. Постојат многу состојки кои доаѓаат од природата, но не сите од нив ѝ користат на човечката кожа. Понекогаш, некои специфични состојки, иако се органски и природни, можат да ја иритираат кожата.

Производите „Claudia Elaine“ за нега на кожата користат само врвни иновативни состојки кои се делотворни, а сепак нежни за убавата кожа.

Сетот Rose Essential на Claudia Elaine претставува сеопфатен систем за нега на сите типови кожа и се состои од тонер, 5 лист-маски и емулзија.

Иновативната формула со повеќекратно дејство која ја содржат производите од линијата Rose Essential на Claudia Elaine помага да го задржите младешкиот сјај на вашата кожа.

Трите видови на пептиди (факторите на раст EGF, аFGF и IGF-1), комплексот од аминокиселини и антиоксиданти, вода од провансалска роза, и делотворните растителни екстракти помагаат во регенерација, зголемување на цврстината и еластичноста на кожата истовремено обезбедувајќи ја потребната хидратација.

Со оваа формула се постигнува целосна нега на кожата и зајакнување на заштитниот слој.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јануари.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.