Серена Вилијамс во фустан што „вреска“: Се гледа од авион, а шлицот му е толку безобразно длабок што сите гости ги „изеде“ срам (ФОТО)

Што велите за стајлингот на славната тенисерка?

Најлуксузната холивудска венчавка на годината се одржа во саботата навечер во Палм Бич, Флорида, а брачните завети ги разменија Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, и Никола Пелц, наследничката на американскиот милијардер Нелсон Пелц.

На раскошната церемонија гости беа едни од најголемите ѕвезди на денешницата, меѓу кои Серена Вилијамс, Ева Лонгорија, Гордон Ремзи

Serena Vilijams Серена беше особено впечатлива, благодарение на смелото, атрактивно издание, но и флуоресцентната боја на фустанот, кој е невозможно да не се забележи.

Имено, познатата тенисерка блесна во пинк тоалета, која ја следеше линијата на нејзиното тело, со пуф- ракави, рол-јака и специфичен изрез во пределот на деколтето, кој ги истакнуваше нејзините бујни гради.

Но особено ефикасен и примамлив детаљ беше премногу длабокиот шлиц на фустанот на Серена, кој ги откри нејзините затегнати нозе. Оваа 40-годишна дама храбро дефилираше во оваа креација, за која дефинитивно треба да имате самодоверба, која нејзе не ѝ недостига!

Серена го комплетира севкупниот изглед со пинк сандали со прерамки и огромен дијамантски прстен, а ни се допадна и нејзината урбана фризура – ​​прав боб, кој е многу популарен оваа сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CLD PR (@cldstyle)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.