Гинеколог објаснил што се случува со жените кои долго немаат секс: „Ниту една дама нема да го признае ова од срам“

Совети од стручњаци

Што се случува кога жената долго нема интимни односи? Гинекологот Лиз Листер објаснила кои проблеми се појавуваат кај жените во тој случај

Гинекологот Лиз Листер открила што се случува со женското тело ако долго нема интимни односи.

„Ова не е нешто што моите пациентки често го спомнуваат, веројатно затоа што им е срам, но тоа е голем проблем! Колку подолго сте без секс, толку понепријатни ќе ви бидат интимните односи.

Тоа е така затоа што ткивото станува опуштено и дотокот на крв во тоа подрачје се намалува, бидејќи телото нема навика да се подготви за полов однос. Тоа е исто како вежбање, станува попријатно ако стекнете навика.“

Ова им се случува на жени од секоја возраст

Не заборавајте дека сексот и оргазмот се поврзани со зголемен имунитет и подобро здравје на срцето.

„Ако поминало извесно време од последното сексуално искуство, користете лубриканти! А ако сте соло – најдете занимација и помагала“.

Кога станува збор за контрацепцијата, Лиз Листер вели:

„Колку помалку ‘се плеткате’ во работата на вашите хормони, толку подобро. Многу жени се плашат од спиралата, бидејќи таа се користи повеќе од 40 години, но денешните спирали се многу поефикасни и посовремени од некогашните.

Анкета од 2013 година, објавена во магазинот ‘Американски конгрес на акушери и гинеколози’, открива дека гинеколозите три пати почесто одбираат спирала во споредба со други форми на контрола на раѓањето. Постои причина за тоа: не само што се 99 отсто поефикасни, туку и можат да ги контролираат обилните менструации и менструални грчеви, па ослободуваат хормони локално, а не системски, како што го прават тоа контрацепциските пилули“, тврди оваа докторка.

Долго апстинирате? Еве како тоа ви го загрозува здравјето ако сте жена, а како ако сте маж!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.