Дали аналниот секс воопшто е добар по здравјето? 5 лекари пресудиле, а ова на многумина нема да им се допадне!

Зошто аналниот секс е опасен?

Лекарите го дале своето мислење за аналниот секс

Една од табу-темите во денешни време е аналниот секс, кој покренува големи дискусии и прашања. Лекарите го откриле своето мислење на оваа тема.

Еве што велат тие за аналниот секс:

1. Ако ја гледаме ситуацијата од медицински аспект, нема пречки да се земе предвид аналниот секс како опција. Секако, важно е да се применат соодветни заштитни средства, бидејќи постои потенцијален ризик од пренесување сексуално преносливи болести. Исто така, ако одлучите да преминете од анален на вагинален секс, важно е да го смените кондомот како дополнителна мерка на претпазливост, за да се намали ризикот од потенцијални компликации – открива докторот Мајкл Крајмен.

2. Од перспективата на медицинската струка, аналниот секс е безбеден со примена на вообичаените превентивни мерки. Тоа подразбира употреба на кондоми, дентални брани и обилни лубриканти, со оглед на тоа што анусот е значително потесен од вагината. Анусот има бројни нервни завршетоци кои можат да ги зголемат сензациите и задоволството за време на аналната стимулација. Дополнителна предност на ваквиот сексуален контакт е изостанокот на страв од несакана бременост. Од друга страна, некои жени не сакаат да воведат анален секс во своето сексуално искуство од страв од непријатности и болка. Се препорачува темелно чистење или употреба на клистир, за да се зголеми удобноста и да се намали ризикот од несакани ситуации. – Алиса Двек.

3. Аналниот секс им овозможува големо задоволство на многу жени, затоа што нашите тела имаат многу повеќе нерви што го опкружуваат анусот. Постои причина зошто повеќе сакаме да бидеме бакнувани в уста отколку во лакот, бидејќи нашите усни имаат многу повеќе нервни завршетоци – така е и со анусот. Мора да напоменеме, ако ве привлекува аналниот секс, мора да бидете многу претпазливи за да се заштитите од сексуално преносливи болести. Ако не сте во моногамна врска, тогаш апсолутно треба да користите кондом како средство за заштита. Секогаш кога луѓето имаат однос, дури и вагинален, настануваат микроскопски капки, поради кои можете да се заразите со болест. Но ако користите лубрикант, ќе го регулирате распрскувањето на овие капки, па така на овој начин можете да го намалите ризикот од пренос на полови болести. – Џенифер Гантер.

4. Кога станува збор за анален секс, една од најголемите опасности се однесува на преносот на хумано папилома вирус (хпв). Одредени типови на ХПВ предизвикуваат канцер, а во овој случај, вирусот може да доведе до анален карцином. Постојат повеќе истражувања што откриваат дека кај луѓето кои имале анална пенетрација со повеќе партнери, постојат поголеми шанси да се појави карцином на анусот, па така доколку менувате партнери, се препорачува користење кондом. Исто така, постои зголемен ризик од појава на инфекција со ешерихија коли. При практикувањето на овој тип секс, може да се развијат и инфекции на уринарниот тракт, како и инфекции на цревата. Честото практикување анален секс може да доведе до кинење и повреди на мускулите на анусот, што потоа може да предизвика неспособност за контролирање на цревата. Чести се случаите во кои состојбата се влошува, па доаѓа до фекална инконтиненција или неспособност да се сопре празнењето пред да посетите тоалет. – Карен Елизабет Бојл

5. Аналниот секс не може да предизвика бременост, но лесно може да пренесе инфекции. Па така, ако кондомот пукне за време на анален секс, разговарајте со лекар и искрено кажете му што се случило за да се тестирате на полови болести. Доколку практикувате анален секс само како метод на заштита од потенцијална бременост, разговарајте со лекар за да ви препорача други методи на заштита. – Ванеса Колинс.

5 заблуди за сексот со кои порно-филмовите ни го испираат мозокот
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе