Одмаздата на оваа изневерена жена ги згрозила сите: Дали постои оправдување за ваква постапка?

Предизвикала лавина од коментари

Во моментите на гнев, сите можеме да постапиме непромислено, но оваа девојка отишла чекор подалеку

Многумина мислат дека одмаздата ќе им помогне да го преболат партнерот што ги изневерил. Додека некои девојки го прават тоа така што ќе прибегнат кон естетски корекции или кон промовирање фотографии на социјалните мрежи, други не одбираат средства.

Една од нив одбрала друг начин, а кога го објавила видеото, многумина жестоко ја осудиле. Набрзо станала вирална на социјалните мрежи, а без пардон открила што направила.

Девојката одлучила да ја фрли пепелта од неговата мајка во река. Тоа и го објаснила во видеото:

„Ме изневери, па ја фрлив пепелта на неговата мајка во река!“, напишала во видеото.

Таа ја истресла урната во воздух, дозволила пепелта да ја однесе ветер, ја фрлила урната во река, си ги избришала рацете и си заминала. Корисниците на социјалните мрежи не го криеле незадоволството, па ѝ порачале дека се шокирани од овој потег.

„Ова е премногу, ужас“, „Да не си претерала малку?“, „Е, секоја чест ако ова е победа за тебе“, „Како можеш да го направиш ова, замисли да е обратно“, „Со што се занимаваат луѓево…“, се ределе коментари.

Дечко ѝ ја изневерил два пати, но девојката не му останала должна: Најсјајната одмазда што некогаш сте ја виделе! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.