Не е ни чудо што успеала да го заведе принцот: Кејт Мидлтон првпат покажала како се прави тоа!

Ги прекршила сите протоколи

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од почетокот ги почитуваат правилата на кралското семејство, па така покажувањето емоции во јавност не е дозволено за војводата и војвотката

Кејт Мидлтон секогаш е тема на разговор поради своите внимателно одбрани стајлинзи, но и поради одмереноста, пристојноста и насмевката кои се секогаш присутни, додека секогаш кога е со принцот Вилијам, ги почитува строгите правила на кралството.

Па така, оваа двојка била на хуманитарен натпревар во поло во Виндзор, во којшто учествувал и Вилијам, додека Кејт гледала од страна.

Она што ги изненадило присутните и фотографите е нежноста и емоциите што тие си ги покажувале за време на самиот натпревар, се бакнувале (во образ, секако), а теренот го напуштиле прегрнати.

Тимот во којшто играл принцот ја однел победата, а со самото тоа и милион долари, што ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Познато е дека кралицата Елизабета не поддржува покажување емоции во јавност, а со оглед на тоа што Вилијам е идниот крал, можеби ќе воведе некои нови правила кога станува збор за однесувањето на членовите на семејството.

Кејт и Вилијам неодамна се преселиле од Лондон во Беркшир, најмногу поради децата, за да пораснат заштитени од љубопитните погледи на јавноста, а во непосредна близина живеат и родителите на Кејт Мидлтон.

Откриена цената на фустанот во кој Кејт Мидлтон блесна на Вимблдон (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.