Еве зошто на мажите им е тешко да бидат во врска со чесни жени: Вистина што боли!

Верувале или не

Многу луѓе замижуваат пред вистината и прават сè за да ја одбегнат

Еве зошто чесните жени не им одговараат на повеќето мажи…

Тие не се плашат да ја кажат вистината, а вистината боли

Многу луѓе секогаш се обидуваат да ја одбегнат вистината, кога им е премногу тешка. Наместо да се соочат со вистината, тие ја игнорираат по секоја цена. Меѓутоа, не можете да побегнете од вистината ако сте во врска со чесна жена. Тогаш мажите се принудени да се соочат со тешките околности, а понекогаш тоа може да биде премногу за нив.

Тие не играат игри

Чесните жени не сакаат да си играат. Тие знаат што сакаат од љубовта и животот. Тие не сакаат да си играат некакви бесмислени игри со партнерот. Им треба стабилна и долгорочна врска што ќе им служи како основа за нивната иднина.

Поставуваат прашања на кои тешко е да се одговори

Чесните жени секогаш бараат почит од оние околу нив. Секогаш е тешко да се дадат искрени одговори. Нивните прашања може да бидат премногу реални или претешки за повеќето мажи. Па така, тие го одбегнуваат проблемот. Само најсилните и најхрабрите можат да се справат со нејзината искреност.

Тие јасно знаат што сакаат од врската

Тие знаат што сакаат и искрени се. Имаат свои очекувања, а многу мажи ќе побегнат од проблемот од страв дека нема да ги исполнат тие очекувања.

Секогаш приговараат ако видат дека нешто не е во ред

Тие не знаат да молчат ако нешто не е во ред. Не ги ставаат проблемите под тепих. Тие се самосвесни и ги признаваат своите недостатоци. Иако укажуваат на туѓите грешки, тие исто така укажуваат и на своите недостатоци. Тие се доволно искрени за да ги признаат своите недостатоци и подготвени се да се искупат за своите грешки.

Тие се премногу реални за повеќето мажи

Повеќето мажи имаат тенденција да ги идеализираат своите жени. Во своите мисли се обидуваат да ги видат најдобрите опции за своја девојка, а потоа се разочаруваат од реалноста.

Едноставно ме полудуваш!: На што најмногу се жалат жените, а на што мажите кога се во љубовна врска?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.