Еве која била наводната љубовница на принцот Вилијам: Кејт Мидлтон била многу блиска со неа, а поврзана е и со кралицата!

Поврзана е со кралицата уште од мали нозе

Јаболкото на раздорот била токму блиска пријателка на Кејт Мидлтон

Имено, пред три години почнаа да кружат озборувања дека принцот Вилијам ја изневерува својата сопруга Кејт Мидлтон, и тоа со нејзината блиска пријателка Роуз Ханбери.

Тие двете се споиле преку љубовта кон хуманитарната работа, а потоа и се спријателиле. Меѓутоа, кога приказните стигнале до Кејт, таа одлучила да ја исфрли својата добра „пријателка“ од својот социјален круг, меѓутоа Вилијам ја имал улогата на голем миротворец. А како изговор му послужило тоа што тие две имаат многу заеднички пријатели.

Како што се шушка, тие приказни ги започнала токму Камила, сопругата на Чарлс, која нема многу добар однос со својата снаа, иако изгледа како да уживаат во хармонија.

„Добро познато е дека Кејт и Роуз ужасно се скараа. Некогаш беа блиски, но тоа повеќе не е така“, рекол тогаш извор близок на кралското семејство.

Но обидите на Вилијам тогаш биле неуспешни, па дури и се начнала темата за развод! Меѓутоа, експертот за кралското семејство Мортон нагласил дека брачната двојка одлучила само да ги игнорира сите трачеви.

„Кејт Мидлтон и Вилијам од сето тоа излегоа посилни како двојка. Сфатија дека озборувањата се составен дел од животот на јавните личности“, заклучил Мортон.

А која е, всушност, Роуз Ханбери?

Маркизата Роуз Ханбери е родена во 1984 година и е во брак со Дејвид Роксаваж, седмиот маркиз од Колмондели. Двојката се венчала во 2009 година, а според странските медиуми, нивната љубовна приказна е многу бурна. Само еден ден по свршувачката откриле дека чекаат бебе, а веднаш следниот ден се венчале. Сега нивното семејство е побогато за три члена.

Живеат на имот во Норфолк, кој е многу блиску до селската куќа на Кејт и Вилијам. Роуз, 38-годишната мајка на три деца, постојано објавува на Инстаграм фотографии од градините и скулптурите на имотот.

Интересен е фактот што Роуз е поврзана со кралското семејство уште од мали нозе. Имено, нејзината баба била една од девериците на кралицата Елизабета Втора.

И покрај сè, се чини дека Кејт и Вилијам уживаат во бракот!

Како и секое обично семејство: Прекарите што Кејт и Вилијам ги користат еден за друг го насмеале светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.