Како и секое обично семејство: Прекарите што Кејт и Вилијам ги користат еден за друг го насмеале светот!

Сè започнало од Џорџ...

Тоа што се членови на кралското семејство не значи дека не користат прекари

Иако имаат навистина луксузен и гламурозен живот што не може да се спореди со животот на обичните парови, помладите припадници на британското кралско семејство сè почесто откриваат дека се однесуваат исто како и сите други нормални парови во светот.

Тоа особено важи за Кејт Мидлтон (37) и принц Вилијам (36) кои дури и по венчавката на Хари и Меган, го задржаа својот статус на миленици на јавноста.

Во јавноста многу често се спомнува како Вилијам и Кејт настојуваат своите три деца, Џорџ, Шарлот и Луис, да ги воспитуваат што послободно и понормално и да им овозможат нормално детство. На површина честопати испливуваат нивните забавни карактери кои се косат со прилично „здрвените“ улоги што им ги пропишува општеството.

Деновиве, медиумите особено се забавуваа со најновото откритие од кралскиот двор. Имено, Кејт и Вилијам имаат прилично сурови прекари еден за друг.

Таа него го вика „ќелавко“, поради неговото очигледно губење на косата. Така го нарекла затоа што некое време ѝ приговарал поради количината на коса што ѝ паѓала насекаде низ дома. Тој неа ја вика „ДоД“. „ДоД“ всушност значи „Dutchess of Do-Little“ и е прекар за војвотка која ништо не прави и е потенцијално мрзелива.

„Членовите на кралското семејство најчесто не се толку добри во меѓусебната комуникација и ова е еден од начините на кои комуницираат. Преку прекарите тие ја исфрлаат тензијата од семејството“, изјавил еден извор, додека другите тврдат дека тие се само разиграно семејство што сака да прави будалести работи и така се ослободуваат од стресот предизвикан од постојаната изложеност во јавност.

Целата приказна за прекарите започнала кога малиот Џорџ (5) сретнал жена што шетала куче во паркот додека се дружел со баба му Мидлтон и на жената ѝ се претставил како Арчи.

Со таа постапка, момчето ги збунило бабата и жената, но истата потреба за лажен идентитет ја имал и татко му Вилијам кој во средно училиште и на факултет се претставувал како Стив.

Малиот Џорџ има прекари и за сите останати членови од семејство, па така тој и сестра му ја викаат кралицата Елизабета „Ган Ган“, а Камила Паркер ја викаат „Га Га“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.