Сталоне купи вила од 28,8 милиони: 7 спални соби, 10 бањи, гостинска куќа и поглед на океанот (ФОТО)

Сега соседи му се Доналд и Меланија Трамп

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне (74) не штеди пари ни за време на пандемијата на коронавирусот, па дел од своето богатство потроши за имотот во Флорида, за кој плати „лута“ сума на пари. Имено, славниот Роки купи вила покрај самиот морски брег, а ја плати околу 28,8 милиони евра. Луксузната вила е дизајнирана така што е свртена кон океанот и заштитена е од несаканите погледи.

Се протега на квадратура од 1.230 квадратни метри и во неа се наоѓаат 7 спални соби, 10 бањи, голем број простории за забава и дружење, а тука е и прекрасниот поглед на океанот.

Покрај вилата, на имотот се наоѓа и гостинска куќа, која е веднаш покрај базенот. Во вилата, актерот живее со сопругата Џенифер Флавин (52), ќерките Систин (22), Софија (24) и Скарлет (18).

Извор: Телеграф.рс

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.