Новогодишен луксузен декор во замокот на Драгана, вилата на Карлеуша и семејната оаза на Сека (ФОТО)

Пејачките не штедеа пари.

Новогодишните празници се причина естрадата да ги „засука ракавите“, па дамите од јавната сцена потрошија многу пари и инспирација за украсување на домовите.

Јелена Карлеуша на социјалната мрежа Инстаграм сподели сет фотографии на кои се гледа како ги украсила сите соби во својот дом. Популарната пејачка со посебно внимание го украсила и дворот на својата вила, а најсилен впечаток остава огромниот елен од украсни светилки, како и осветлената кочија на Дедо Мраз.

Пејачката Ана Севиќ заедно со сопругот сакала на своите наследници да им подари сцена од бајките во нивниот дом. Внимателно одбрани детали, со голема симболика, ја разубавија новогодишната елка, но и секое ќоше од станот на пејачката. Ана не ја криеше возбудата заради новогодишната магија која владее во нејзиниот дом, но и меѓу домашните.

Stori

stori

Драгана Мирковиќ одлучи да покаже како го украсила замокот за новогодишните празници. На портата на замокот веќе е закачен венец за Божиќ, а веднаш на влезот има и новогодишен аранжман со свеќи, а џуџестите четинари се украсени со црвени ленти.

 

Сека Алексиќ оваа година не ја истакна особено својата способност да го украсува семејниот дом.

„Скромно“ подготви дури четири елки за новогодишните празници…

Stori

Тања Савиќ конечно најде мир со семејството, ужива во празниците со синовите, а се’ е подготвено за празниците.

Stori

Фото: Инстаграм

Видео: Јутјуб

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.