Оваа торта е најубавиот десерт од овошје: Една состојка е клучна!

Рецепт

Оваа едноставна торта со крцкав чоколаден бисквит кој совршено го надополнува киселкастото овошје и кремастиот шлаг, е единствениот рецепт што ви треба на залезот на летото

Состојки:
  • 6 јајца
  • 120 г шеќер
  • 120 г чоколадо за готвење
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • џем по желба
  • овошје по желба
  • 200 мл павлака за шлагот
Приготвување:

Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст снег. Жолчките измешајте ги со шеќер и прашок за печиво. Додајте стопено чоколадо.

Во смесата од жолчки, внимателно додајте го снегот од белки. Печете ја смесата во намрсен калап, во претходно загреана рерна на 170 степени Целзиусови, 30-35 минути (во текот на печењето кората многу ќе се надуе, а кога ќе ја извадите, ќе спласне).

Кога кората ќе се олади и спласне, премачкајте ја со џем по желба (количината зависи од вас, доколку сакате поинтензивен вкус, ставете повеќе џем). Додајте свежо овошје (количината е по желба, или можете да го прескокнете овој чекор).

Изматете павлака за шлаг, па украсете ја тортата. Пред послужување, добро оладете го колачот.

Добар апетит!

Хармонија од вкусови: Направете сочен чизкејк со боровница и нутела
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.