Не постои посочна гриз-пита од оваа: Готова е за миг, а многу е вкусна!

Рецепт за гриз-пита

Ви откриваме совршен рецепт за гриз-пита, која е многу сочна и вкусна

Состојки:
  • 500 г кори за баклава
  • 150 г стопен путер, за посипување на корите
  • 1 л млеко
  • 100 г шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 160 г гриз
  • 4 големи јајца или 5 средни
  • 100 + 100 г шеќер (100 за белките и 100 за жолчките)
  • 50 г путер

За сирупот:

  • 2 големи шолји шеќер
  • 1,5 шолја вода
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • кора од половина лимон
Приготвување:

За да го приготвите сирупот, сипете вода и шеќер во тенџере, додајте ванилин шеќер и кора од лимон, па промешајте и ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие, варете го уште една минута, па тргнете го од рингла.

Сипете млеко, 100 г шеќер и ванилин шеќер во тенџере, па ставете го на рингла и загревајте со постепено мешање.

Во сад сипете жолчки и шеќер и тргнете го на страна. Во друг сад сипете белки, додајте малку сол и матете со миксер додека добиете цврста пена. Потоа, матете ги жолчките додека добијат посветла боја. Спојте ги двете смеси и полека измешајте сè со лажица.

Во загреано млеко постепено додавајте гриз и мешајте, па ставете го да се вари, додека непрекинато мешате. Тргнете го од рингла и додајте путер, па промешајте. Сипете половина од смесата во смесата со јајца, па промешајте со бавни потези, а потоа, сипете ја смесата со јајца во смесата со гриз и сето тоа убаво соединете го.

Подмачкајте плех со димензии 30х24 и ставете ги двете кори до пола, од двете страни (така што надвор ќе останат двете половинки од корите, за да можете подоцна да ги преклопите). Премачкајте ги корите со стопен путер, па на истиот начин наредете ги и другите кори, повторно премачкајте, и со истата постапка редете ги корите додека се потрошат. Потоа сипете ја смесата врз корите, па враќајте ги корите една по една преку филот и секоја од нив премачкајте ја со путер.

На крајот, премачкајте го колачот со путер, па пресечете го со нож на коцки и ставете го да се пече на 180 степени околу 40 минути. По печењето, прелијте ја со сируп.

Добар апетит!

Едноставни гриз-коцки без печење: Кремлив колач што се приготвува буквално за 20 минути!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.