ГРЧКА ТОРТА: Со причина важи за кралица меѓу тортите – совршена е за сите свечени пригоди!

Со сигурност ќе ги воодушевите гостите

Грчката торта е десерт без конкуренција, а зошто – проверете сами

Состојки:

За една кора:

  • 4 белки
  • 7 лажици шеќер
  • 6 лажици мелени ореви
  • 6 лажици мелени бисквити

Вкупно ви требаат 3 кори, па оваа постапка повторете ја три пати.

За првиот фил:

  • 12 жолчки
  • 250 г шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 750-800 мл млеко

За вториот завршен фил:

  • претходно приготвениот фил
  • 250 г путер
  • 150 г шеќер
  • 100 г бело чоколадо
  • 100 г црно чоколадо
  • 150 г сечкани ореви
  • 150 г мелени бисквити
Приготвување:

Вклучете ја рерната на 170 степени Целзиусови да се загрее. Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги пенесто со шеќер. Во изматениот снег додајте 7 лажици мелени бисквити и 7 лажици мелени ореви.

Префрлете ја смесата во плех и ставете ја да се пече. Испечената кора тргнете ја на страна. Така пригответе уште две кори. Вкупно треба да имате 3 кори за тортата.

Пригответе го првиот фил, така што ќе ги изматите жолчките со шеќер, а потоа ќе додадете и брашно. Во загреано, зовриено млеко, додајте ги изматените жолчки и варете ги како пудинг.

Додека жолтиот фил се лади, изматете маргарин, па во него додајте шеќер и првиот фил. Во така соединетиот фил, додајте мелени бисквити, ореви и црно и бело чоколадо.

Филувајте ја тортата со добиениот фил. Премачкајте ја со преостанатиот фил и декорирајте ја по желба.

Грчка ледена торта: Медитерански десерт број 1 за сите годишни времиња!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.