Бактерија го јадела нејзиното месо: Докторите занемеле од шок кога сфатиле за што станува збор!

Ногата веднаш ѝ била ампутирана

Девојката Џенифер Барлов се заразила со бактерија што го јадела нејзиното месо, а докторите едвај откриле за што станува збор

Воената ветеранка Џенифер Барлов (33) од Атланта ја изгубила ногата откако на одмор на Бахами се заразила со бактерија што јаде месо.

Се вратила од одмор во јануари и веднаш почувствувала дека нешто не е во ред. Имено, Барлов редовно вежбала и била здрава како дрен, но одеднаш почувствувала слабост и четири дена не можела да стане од кревет. Десното колено ѝ отекло и било барем три пати поголемо од левото колено, црвено и топло на допир.

„Не може да се опише болката“, раскажала таа.

Погрешна дијагноза

Докторите во локалната итна служба погрешно заклучиле дека коленото е само исчашено, па ја испратиле дома со патерици и лекови против болки. Меѓутоа, коленото продолжило да расте и наскоро нејзината нога изгледала како на џин. Конечно, ѝ била дијагностицирана ретка бактериска инфекција што се нарекува некротизирачки фасциитис.

„Бев многу загрижен дека нема да преживее. Нејзиниот живот беше во голема опасност“, открил докторот Џонатан Полок.


Некротизирачкиот фасциитис (бактерија што јаде месо) е тешка инфекција која брзо се шири и убива еден од пет заболени, според Центарот за контрола и превенција на болести.

Најчесто влегува во телото преку гребаница или друга рана на кожата, како што се изгореници, убоди од инсекти и хируршки рани. Може да биде тешко да се дијагностицира состојбата, бидејќи симптомите можат да имитираат други болести. Симптомите вклучуваа црвено или топло подрачје на кожата, кое брз се шири, силна болка и грозница. Како што некротизирачкиот фасциитис се шири, може да предизвика чирови или меурчиња на кожата, промена на бојата на кожата, гној, вртоглавица, умор, дијареја и мачнина.

Центарот за контрола и превенција на болести проценува дека секоја година во САД има 700 до 1150 вакви случаи.

Клучно е веднаш да се започне со лекување за да се спречи ширењето на инфекцијата. Антибиотиците може да бидат ефективни, иако не допираат секогаш до сите заразени подрачја, а на пациентите обично им требаат повеќе операции за да се отстрани што повеќе мртво месо.

Барлов 10 дена била ставена во медицински индуцирана кома, а кога се разбудила, веќе ѝ биле направени 12 операции.

„Бев збунета и исплашена“, рекла таа.


Вкупно поминала низ повеќе од 30 операции, меѓу кои и низ ампутација на ногата, а паднала и во септички шок. Најчестата причина за некротизирачки фасциитис е стрептокока од групата А, форма на бактерија која инаку предизвикува воспаление на грлото.

Барлов верува дека можеби била изложена на бактеријата додека била на одмор на Бахами, а докторите сè уште не се сигурни која е причината. По 4 месеца поминати во болница, Барлов се вратила дома и сега собира пари за протетичка нога.

2 дена по породувањето почувствувала чудни симптоми: Веднаш ѝ ги ампутирале рацете и нозете, а еве која била причината
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.