ОТКРИВАМЕ: Треба ли да се спие прекуден?

Мислење на д-р Ирина Леонидова Васјукевич

Квалитетниот и редовен ноќен сон е поважен од лек, а дење можете да дремнете само 15–20 минути.

Врежано е мислењето дека дневниот сон е типичен само за деца. Па, сепак, ни многумина возрасни не се откажуваат од задоволството по ручекот да дремнат час-два. Значи, дали е потребен дневниот сон или е доволно да се наспиете ноќе?

ДНЕВЕН ИЛИ НОЌЕН?

Лекарите не ја доведуваат под сомнеж користа од дневниот сон. Тој овозможува да ги избегнете заморот и кардиоваскуларните заболувања, помага да се изборите со стресот и дури го одложува процесот на стареење!

Сепак, со дневниот сон не треба да со заменувате недостигот од ноќниот сон. Имено, кога е мрачно и нема бучава, во организмот се лачи неопходниот хормон мелатонин. Доколку уморот прекуден ве турка од нозе, стручњаците советуваат да отспиете 15–20 минути – на организмот тоа му е доволно за комплетна регенерација.

Но лицето што прекуден се одмора два часа и повеќе се буди раздразливо, не може да работи со полна сила, а и тешко дека добро ќе спие ноќе.

Што се однесува до ноќниот сон, ни тука не е добро претерување. Современите истражувања убедливо го докажуваат следното: кај луѓето што во текот на подолго време спијат повеќе од десет часа доаѓа до појава на рана деменција и напредувања на Алцхајмеровата болест.

За да останете здрави, треба почесто да шетате, да правите гимнастика и квалитетно да спиете ноќе.

Шест часа непрекинат сон е подобро отколку осум часа со повремено будење. Исто така, еден час ноќен сон пред полноќ вреди како два часа по полноќ.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе