Малку познати факти за знаците кои ретко ги читаме: Девицата е опседната со ред и чистотата на домот. Но, дали знаевте дека се многу тажни длабоко во себеси?

Лавот има големо его, но и голем страв што мислат другите за него?

Астрологијата носи одредени стереотипи за знаците кои веќе сме ги прочитале многу пати.

Бикот сака убаво зготвена храна, но најчесто не знае ниту еден рецепт за да ја приготви. Што друго кријат знаците кога станува збор за нивните карактеристики кои ретко ги читаме за нив?

Овен – повеќе ги интересира играта и целата мистерија кога станува збор за љубовта, отколку наоѓањето на потенцијален партнер за љубовна врска. Ги возбудува бркањето и недостижноста, многу помалку „пленот“. Откако ќе го добијат тоа што го сакаат, неочекувано губат интерес.

Бик – големи гурмани што најчесто не знаат или ги мрзи да зготват нешто. Сакаат скапи, екстравагантни работи, а истовремено умеат и добро да штедат. Сепак, приземјени се, може да се потпрете на нив, љубезни и добродушни.

Близнаци – да, имаат две различни лица, едно кое го претставуваат во јавноста и другото кое е многу пострашно, но го чуваат само за себе и најлошите непријатели. Голема е веројатноста дека вие ќе налетате на првото, и ќе си помислите: ова е најдобриот човек што сум го запознал во животот.

Рак – и покрај тоа што се одликуваат со огромна емотивност, лесно навредливи и големи лутковци, голем дел од Раковите умеат и сакаат да се дружат и излегуваат и се изненадувачки многу непристојни и вулгарни.

Лав – големо его, но и голем страв поради тоа што другите мислат за него. Делуваат агресивно, може да се исплашите од нив на почетокот. Кога добро ќе ги запознаете ќе сфатите дека се едни од најдобрите и најемпатичните луѓе околу вас.

Девица – умеат да повредат многу луѓе со своите непромислени коментари, особено оние кои не одговараат на нивното ниво на хигиена. Имаат навистина лоши и нездрави навики кои добро ги кријат од другите. Половина од времето се прилично тажни луѓе, но никому нема да го признаат тоа, дури ни себеси.

Терезија – иако се „кантарот“ за премерување, сепак кога станува збор за носење одлуки тие се неодлучни и многу здодевни. Може да ве заморуваат со еден ист проблем со недели и повторно да не донесат никакво решение. Симпатични се, но по малку наивни и изгубени во просторот.

Скорпија – многумина ги сметаат за мрачниот знак на зодијакот, знакот на сексот и смртта, но вистината е дека Скорпиите се добри луѓе кои постојано плачат во приватноста на својот дом, во потрага по вистинска љубов, одлични слушатели и даваат секогаш добри совети.

Стрелец – подготвени се да кренат раце од сè само за своето добро. Себични се, иако не се свесни за оваа своја навика. Едни од знаците кои веруваат дека секој мора да има свој психотерапевт – најчесто таму си ја отвораат душата и сакаат да ги озборуваат своите пријатели и да споделуваат озборувања.

Јарец – не секој Јарец се грижи за својот социјален статус и кариерата. Многумина сакаат да живеат опуштен живот, да јадат сладолед и да се смеат. Имаат одлична смисла за хумор резервирана само за најблиските пријатели. Не се и толку скржави како што сите генерално ги сметаат за такви.

Водолија – не се толку безгрижни како што сакаат да се претстават пред светот. Имаат свои грижи, проблеми и потајни стравови со кои се борат постојано. Не се ниту толку комуникативни и секогаш подготвени за забава, најчесто сакаат да самуваат во рамките на домот.

Риби – слатка фасада однадвор, но одвнатре сакаат да си наштетат себеси. Често пати имаат мрачни мисли. Се обидуваат по секоја цена да бидат сталожени и фини, но секој човек има точка на пукање. Кога ќе ја достигнат својата, нема да умеете да ги препознаете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.