До 10 април сонцето со спојува со хирон: Ќе ви ги излечи најдлабоките рани!

Период на целосно чистење

Сонцето во Овен се среќава со Хирон. Хирон е исцелител, во наталната карта ги означува несвесните трауми. Процесот на заздравување на тие трауми, кулминираше на младата месечина на 1 април, а ослободувањето и завршувањето на процесот трае до 10 април.

Во грчката митологија Хирон е кентаур, суштество со глава и гради на човек, а тело и нозе на коњ. Поради неговите големи медицински способности боговите му дале бесмртност. Меѓутоа, сосема случајно, тој бил жртва на отровната стрела на Херкулес, која му нанела рана што не можела да се залечи. Од отровот на стрелата сите би умреле, но бидејќи Хирон бил бесмртен, не можел да умре и претрпел неподнослива болка. На крајот се молел на боговите да му ја одземат бесмртноста и отишол во Адот во мир.

Според симболиката на митот, Хирон е оној дел од нашата психа што е тешко ранет. А повредите се тука да не научат нешто и да ни ги излечат раните.

Ова е периодот кога најдлабоките рани и трауми се лекуваат колективно и индивидуално. Работите излегуваат на површина и стануваме свесни за работи за кои не ни знаевме дека постојат, а исто така и за оние за кои мислевме дека сме ги надминале. Сега се решава болката во сржта.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.