ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 5 јануари (среда): Сѐ ви штима во љубовта!

Астро-прогноза

На Водолијата сѐ ѝ оди од раце, Рибите ги стигна уморот, Бикот тврдоглаво се обидува да стигне до целта

ОВЕН

Работа: Повеќето Овни ќе се позанимаваат со конкретизација на некои од претходните работни идеи и начини да дојдат до таа цел.

Љубов: Уживањето во дружењето и излегувањето со драгите пријатели би можело да ви годи и во текот на овој ден.

Здравје: Метеопатски реакции, можна главоболка.

БИК

Работа: Сосема солиден ден за Биковите кои без некој поголем напор ќе ги завршат зацртаните обврски.

Љубов: Незадоволството на љубовен план успешно можете да го решите со трпение и флексибилност. Направете сѐ што е до вас, но некои работи зависат и од другата страна.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Уште еден одличен ден, па време е фокусот да го ставите на одговорно и свесно извршување на претходно започнатите професионални задачи.

Љубов: Би можеле да очекувате многу интересно познанство на сосема неочекувано место, па ете можност за некоја фина комбинација.

Здравје: Осетливост на респираторниот систем.

РАК

Работа: Опуштен ден без некои значајни промени, но тоа не значи дека нема да добиете некои дополнителни обврски во последен момент.

Љубов: Би можеле да очекувате многу предизвици денес на љубовен план доколку се сретнете со стара симпатија.

Здравје: Можни проблеми со хормоните.

ЛАВ

Работа: Обврските се нижат една по друга, а Лавовите ги очекува работен ден со големи ангажмани.

Љубов: Астролошките аспекти најавуваат уште еден поволен ден за сите видови љубовни акции проткаени со голема количина страст. Уживајте.

Здравје: Можна главоболка.

ДЕВИЦА

Работа: Промените на некои технички детали би можеле денес малку да ги изнервираат Девиците. Покажете доволно трпение и флексибилност.

Љубов: Атмосферата на уживање и страст без многу размислување за иднината ќе доминира и денес кога станува збор за љубовта.

Здравје: Можни респираторни проблеми.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Ден во рамките на добро познатите професионални стандарди. Вишокот време би можеле да му го посветите на некое хоби или на некоја друга помалку напорна активност.

Љубов: Одличен ден на полето на љубовните релации, каде што од вас се очекува целосно ангажирање и максимум љубовни вибрации.

Здравје: Одлично.

СКОРПИЈА

Работа: Со добра организација и почитување на приоритетите, нема причина да не стигнете до посакуваната цел.

Љубов: Опуштен ден без некои значајни пресврти на љубовен план.

Здравје: Внимавајте на редовната и правилна исхрана.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уште еден многу успешен ден за Стрелците кои без проблеми ќе се изборат со сите препреки на професионален план, што денес би можеле, пред сѐ, да бидат поврзани со техничка организација.

Љубов: Потрудете се да не пропуштите убава можност за квалитетна љубовна приказна со површниот и лекомислен пристап.

Здравје: Бидете внимателни во сообраќајот.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува одличен ден. Важно е што поедноставно да ги решавате актуелните работни прашања, без брзање и форсирање.

Љубов: Астролошките аспекти не се најповолни за големи планови и конкретни акции, но тоа не треба да значи и пасивност.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Повеќето Водолии ќе се позанимаваат со конкретизација на некои од претходните работни креативни идеи и ќе направат одредени чекори кон таа цел.

Љубов: И понатаму би можеле да уживате како во дружењето и излегувањата, така и во флертот и опуштените разговори со нови луѓе. Изборот е ваш.

Здравје: Можна осетливост на урогениталниот тракт.

РИБИ

Работа: Солиден работен ден во којшто сите најважни професионални параметри би требало да останат во веќе постоечките рамки. Само напред.

Љубов: Поволен ден за склопување нови познанства, па ве очекува уживање во убава и неформална комуникација.

Здравје: Метеопатски реакции.

Овие хороскопски знаци се плашат од сериозни врски: ЕВЕ како да останете со нив!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.